Свет
Американската амбасада во Ватикан ја обвини Кина за кражба на американска технологија
Амбасадата на САД во Светата столица, денеска, за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи на Рим, ја обвини Кинеската комунистичка партија (ККП) за кражба на американска технологија и интелектуална сопственост.
Во порака без преседан на „Твитер“, официјалната сметка на Амбасадата на САД објави илустација со генералниот секретар на ККП, Шји Џјинпинг, со текст во кој се вели: „Кинеската комунистичка партија краде американска технологија и интелектуална сопственост за да ја изгради својата воена и економска моќ“.
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг, Ји, во вторникот пристигна во Рим за да се сретне со својот италијански колега Луиџи ди Мајо. Во март 2019 година Италија стана првата голема европска економија што се приклучи на меѓународниот проект за инфраструктура во Кина, иницијатива „Белт енд роуд“ (БРИ).
Според италијанската новинска агенција АНСА, целта на посетата на Рим на Ванг е да се придобие ЕУ против Америка на Трамп.
Самиот Ванг изјави дека тргнува на турнеја низ европските престолнини, почнувајќи со Италија, за зајакнување на односите меѓу Кина и ЕУ соочена на неодредени надворешни сили, кои се закануваат со провокација и штета на овие односи.
На прес-конференцијата во вторникот,ж Ванг го впери прстот кон „ветерот на унилатерализам и на Студената војна“ што се чувствува во светот, движење што Кина нема намера да го дозволи. АНСА го нарече коментарот на Ванг прикриена алузија кон САД на Доналд Трамп.
https://t.co/lGSu1kHyun pic.twitter.com/4ziLjqnran
— U.S. in Holy See (@USinHolySee) August 26, 2020
Ванг ја претстави актуелната американска администрација како млако, ако не е и отворено, непријателски расположена кон ЕУ, а Кина е секогаш сигурен пријател, тврдејќи дека обединета, стабилна и просперитетна Европа е важна за целиот свет.
Кинескиот министер исто така вети помош во надминувањето на пандемијата на коронавирусот и во справувањето со последиците од економската криза, што сериозно се чувствува во Италија.
Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, рече дека Италија има намера да изигрува мост помеѓу суперсилите што се во судир. Иако потврди дека земјата ќе ја задржи вербата во своите историски сојузи со САД и НАТО, Ди Мајо додаде дека Кина сега е неизбежен играч во какво било меѓународно сценарио и важен партнер за Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ново пукање во Америка: едно лице во критична состојба
Едно лице е повредено во инцидент утрово во кој учествувала американската гранична патрола во јужниот округ Пима, Аризона, изјави портпаролот на шерифот на округот.
Пожарникарите на округот Санта Рита изјавија дека лицето е пренесено во критична состојба со хеликоптер во регионален центар за траума.
Околностите на пукањето во моментов се нејасни и нема информации дали некој од полицијата или граничната служба е повреден, според написите на локални медиуми.
Канцеларијата на шерифот на округот Пима и ФБИ помагаат во истрагата.
Ова пукање се случува три дена откако агентите на ICE го убија А.П. во Минесота и недели откако Рене Гуд беше убиен од полицаец на ICE.
Медиумите потсетуваат дека од септември минатата година, федералните службеници за имиграција застрелаа 12 лица.
Свет
Сјарто: Украина се вклучи во отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање
Украинскиот амбасадор во Будимпешта денес беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија поради обидите на Украина да се меша во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, кога јасно му беше кажано дека таквите обиди нема да бидат толерирани, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој ја повика Украина да престане да се меша во унгарската изборна постапка во корист на опозициската партија Тиса, како и да го почитува суверенитетот на Унгарија.
„Владата нема да толерира никакво мешање во унгарските избори, вклучително и обидите на Украина да се меша во изборниот процес во корист на партијата Тиса“, рече Сијарто, објави МТИ.
Сијарто рече дека Украина во последните недели се вклучила во „отворена, бесрамна и агресивна кампања на мешање“ со цел да ѝ помогне на опозициската партија Тиса да победи на изборите на 12 април.
„Нашиот заменик-министер недвосмислено му кажа на амбасадорот дека Унгарија ќе го заштити својот суверенитет со сите средства што ѝ се на располагање, дека ќе го заштити правото на Унгарците да бидат единствените што одлучуваат за иднината на Унгарија“, истакна Сијарто.
Тој изјави дека Тиса „веднаш ќе го одобри пристапувањето на Украина во ЕУ“ ако победи на изборите.
„Одлуката за иднината на Унгарија се носи во Унгарија, а не во Брисел, а сигурно не во Киев“, истакна Сијарто.
Свет
Детскaта караница може да ја реши „таткото“ на европските земји – САД, вели Дмитриев
Дебатата меѓу шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е детска караница, која може да ја реши „таткото“ на европските земји – Соединетите Американски Држави, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.
„Кога децата се караат, „таткото“ го решава тоа“, напиша тој на социјалната мрежа Икс, коментирајќи ги зборовите на францускиот министер за Европа и надворешни работи, пренесува Спутник.
Претходно, Баро на социјалната мрежа Икс ги отфрли тврдењата на Руте дека Европа не може да се одбрани без помош на САД.
„Дури и САД се согласуваат со тоа. Ова е европскиот столб на НАТО“, напиша шефот на француската дипломатија.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса тврдеше дека Европа не може да се одбрани без САД и дека оние кои веруваат дека тоа е можно, грешат. Во исто време, Руте рече дека смета дека е фер и соодветно Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, потсетуваат медиумите.

