Свет
Американска компанија сака да создаде мамут и тасманиски тигар до 2028 година
Биотехнолошки стартап, кој работи на враќање на изумрените животни, собра 200 милиони долари по процена од 10,2 милијарди долари, што е повеќе од шестпати повеќе од вреднувањето пред само две години.
Според „Блумберг“, Colossal Biosciences Inc. користи ДНК и геномика за да се обиде да ги оживее птицата додо, тасманискиот тигар и волнениот мамут. Коосновачот и извршен директор Бен Лам рече дека компанијата е на пат да произведе бебе од волнен мамут до крајот на 2028 година, кое ќе го роди сурогат-мајка слон.
Colossal Biosciences со седиште во Далас соопшти дека новата рунда на финансирање од еден инвеститор, TWG Global, го донела нивниот вкупен капитал на 435 милиони долари (422 милиона евра).
„Нема да направиме ништо додека не ги усовршиме геномите“, рече Лам во интервјуто додавајќи дека компанијата моментно е во фаза на уредување на клетките, што значи дека ги идентификувале целните гени на кои треба да работат. „Колосал“, според „Блумберг“, се обидува да создаде младенче со уредување гени на мамут, добиени од антички примероци пронајдени во замрзнатата тундра, во примероци на азиски слон.
Надвор од очигледната привлечност на овој научен потфат сличен на „Паркот Јура“, напорите на компанијата да ги врати изумрените видови се насочени кон проширување на биолошката разновидност, враќање на рамнотежата во екосистемите и благосостојбата на другите животни.
Сепак, многу научници се скептични за овие напори доведувајќи ги во прашање нивната валидност и способноста повторно да се воведат животните во денешните услови, особено со оглед на промената на климата, намалувањето на живеалиштата и зголемениот број инвазивни видови. Волнениот мамут во голема мера исчезнал пред 10.000 години, иако некои популации преживеале до пред 4.000 години.
Поради употребата на азиски клетки од слон, палеонтологот Карл Флеса од Универзитетот во Аризона се прашува дали резултатот навистина ќе биде волнениот мамут. Тој исто така изразува загриженост за ослободување такво животно во природното живеалиште на волнениот мамут кое се намалува, а тоа е арктичката тундра.
„Подобро е да се спречи изумирањето отколку да се вратат биорепликите чие повторно воведување може да има голем број несакани последици“, рече Флеса.
„Коласал“ тврди дека животното ќе биде внимателно надгледувано и ќе живее во пространа, биобезбедна резерва. Компанијата исто така го посочува успехот на повторното воведување на волците во Националниот парк „Јелоустоун“ како позитивен пример.
Додека работеше на проектот за волнените мамути, „Колосал“ разви технологии што помагаат да се спасат загрозените видови слонови, како што е вакцината против ендотелијалниот херпес на слон, болест што ги убива младите азиски слонови. Работата на птицата додо доведе до птичји генетски алатки, кои би можеле да имаат корист од загрозените видови птици.
Поддржувачите на компанијата, вклучително и инвестицискиот фонд на ЦИА, In-Q-Tel и познати личности, како Парис Хилтон, велат дека се возбудени не само од напредокот во враќањето на изумрените животни туку и од развојот на сродните области, кои би можеле да донесат дополнителни приходи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад врз израелски град близу Ерусалим, има повредени
Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, во близина на Ерусалим.
Според израелската Итна помош, повредени се 23 лица, од кои две се во тешка состојба, две со сериозни повреди, а 18 со полесни повреди.
Magen David Adom says its medics are treating several injuries following an Iranian ballistic missile impact in Beit Shemesh.
Among the injuries is a girl in serious condition, MDA says. https://t.co/nCbhWohNYB pic.twitter.com/2NjiS5QR1k
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) March 1, 2026
Израелската војска соопшти дека на местото на нападот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.
Беит Шемеш се наоѓа во централниот дел на Израел, западно од Ерусалим, и има околу 150.000 жители.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“

