Свет
Американскиот потпретседател Пенс доаѓа на инаугурација на Бајден
Американскиот потпретседател Мајк Пенс ќе присуствува на свеченоста за инаугурација на Џо Бајден, објавија неколку американски медиуми. Така Пенс стана последниот долгогодишен лојалист кој го напушта сè поизолираниот Доналд Трамп.
Односите меѓу Трамп и Пенс се затегнати од средата, кога Пенс официјално ја објави победата на Бајден во Конгресот. Толпа екстремни десничари упаднаа во Капитол истиот ден сакајќи да го спречат Конгресот да ја потврди ваквата одлука. Во немирите за кои многумина сметаат дека биле поттикнати од говорот на Трамп, загинаа пет лица, а Пенс мораше да побегне односно да биде евакуирани поради налетот на толпата која во неколку наврати извикуваше „Бесилка за Пенс“.
Новиот претседател на САД претходно неделава рече дека Пенс ќе биде добредојден на официјалното положување на заклетва, закажано за 20 јануари, но во намален обем поради коронавирусот.
„Би ни било чест да го имаме таму и да одиме напред во транзицијата на власта“, изјави Бајден пред новинарите.
Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, предупреди дека демократите ќе започнат постапка доколку Трамп не поднесе оставка или Пенс не се повика на 25. амандман, со кој се отповикува актуелниот претседател.
Иако Пенс, кој претседава со Сенатот, не зборуваше јавно за тоа, „Њујорк Тајмс“ објави дека тој наводно е против примената на тој механизам, кој никогаш претходно не бил искористен во историјата на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

