Свет
Американските демократи бараат одговори за оставката на главниот државен обвинител Џеф Сесион

Претставникот на демократите и веројатно иден шеф на Комитетот за правда на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Џери Надлер, побара одговор од Белата куќа зошто претседателот Доналд Трамп го принудил главниот државен обвинител, Џеф Сесионс, да поднесе оставка и што значи тоа за истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД.
,,Американците веднаш треба да добијат одговори на прашањето што се крие зад овoј потег на Трамп и зад смената на Сесионс од Министерството за правда. Поради што е направена оваа смена и кој има овластувања над истрагата на посебниот истражител Милер? Ќе бараме одговорност”, напиша Надлер на Твитер.
Надлер во моментов е главен демократ во Претставничкиот дом на Министерството за правда и, најверојатно, ќе стане негов претседател во јануари, со што ќе добие надзорна моќ.
Американскиот главен државен обвинител, Џеф Сесионс, поднесе оставка на барање на Трап, кој му замери што се изземал од истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

Финскиот претседател Александар Стаб денес изјави дека се надева дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе исчезне и додаде дека европските земји ќе продолжат да се залагаат за траен мир во Украина.
Според него, единствениот начин да се принуди Путин да ја заврши војната во Украина е преку неговите сојузници, со проценка дека оние кои можат да го убедат рускиот претседател да постигне примирје се на Истокот, објавува „ Ile“.
Финскиот претседател, исто така, рече дека го предупредил Трамп дека Путин користи „типични руски тактики на одложување“ за да избегне средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинска држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.
Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание, по слични најави од Франција и Велика Британија, пренесува Ројтерс.
„Ставот на федералната влада е јасен, во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Протести во Израел за прекин на огнот во Газа, блокиран главниот автопат во Тел Авив

Израелците денес излегоа на улиците на протести барајќи итно ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа.
Демонстрации и блокади на патиштата беа одржани во целата земја. Главниот автопат во близина на Тел Авив беше блокиран, а демонстрантите палеа гуми на патот северно од крајбрежниот град.
We are NOT our government!
Once again, this morning, Israelis flood the streets, blocking all major highways and blocking the homes of the war criminals – the illegal Israeli government.
End the war now!
Bring them home now!
Stop the atrocities in Gaza now! pic.twitter.com/w2E24VYp4j— Ami Dror 🇮🇱 עמי דרור (@AmiDror) August 26, 2025
Форумот на заложници и исчезнати семејства повика на разни протестни акции со слоганот „Израел стои заедно“. Голем протест е планиран за вечер на плоштадот во центарот на Тел Авив.
Демонстрантите го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за продолжување на војната од политички причини. Неговите крајнодесничарски коалициски партнери, од кои зависи неговиот политички опстанок, се спротивставуваат на прекинот на огнот.
Thousands of Israelis are blocking all major highways today demanding:
✊ End the war!
✊ Bring them home!
✊ End the Gaza atrocities!We are not our government!
🎥 Yair Palti pic.twitter.com/i4oaBM3zzj— Ami Dror 🇮🇱 עמי דרור (@AmiDror) August 26, 2025
Пред нешто повеќе од една недела стотици илјади Израелци изразија солидарност со заложниците за време на масовен протест.
Вкупно 50 заложници сè уште се држат во Појасот Газа, од кои се верува дека 20 се живи.
Исламистичката терористичка организација Хамас објави дека се согласила со новиот предлог за прекин на огнот поднесен од Египет и Катар, кои посредуваат во конфликтот.
Според медиумските извештаи, ова е ревидирана верзија на претходно договорениот предлог на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Планот вклучува 60-дневен прекин на огнот, во кој првично би биле ослободени десет живи заложници во замена за палестински затвореници.