Свет
Американските конзервативци се собраа за поддршка на Трамп и да ги надминат разликите
Американските конзервативци од Републиканската партија го славеа новиот претседател Доналд Трамп кој им донесе победа на изборите на 8-ми ноември, но медиумите забележуваат дека под површината на седмичната конвенција во Вашингтон се кријат тензии околу тоа како републиканците ќе владеат.
На четиридневната Конвенција на конзервативната политика на акција (CPAC) ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, за да бидат поздравени од околу 10.000 партиски активисти.
Познат како CPAC, овој собир годинава се одржува во Мериленд, близу Вашингтон ДиСи во времето кога републиканците кои владеат и со Белата куќа и со Конгресот меѓусебно се конфронтираат околу прашањата како што се трговијата, даноците и како да се демонтира здравствениот систем воведен од претходниот демократски претседател Барак Обама.
Советничката во Белата куќа и од претходно блиска соработничка на претседателот, Келиен Конвеј, обраќајќи им се на собраните му се заблагодари на Трамп затоа што го обновил десното крило на партијата.
„Секое движење на крајот станува помалку склеротична и правлива и мислам дека на нив (републиканците) им е потребна свежа крв“, рече Конвеј додавајќи дека Трамп се „вратил на корените и повторно ве собра“.
По само еден месец на должноста, некои конзервативците Трамп го споредуваат со својата икона Роналд Реган. Тој на власт дојде во 1981 година ветувајќи помала влада, слободна трговија и намалување на даноците, давајќи поттик на десното републиканско крило и обликувајќи ги политичките ставови на бројните членови на CPAC.
Сепак, некои конзервативци, вклучително и оние кои се членови на CPAC, со нервоза и скепса гледаат на Трамп.
Новиот претседател на САД предложи значително јакнење на овластувањата на владата во сферата на миграциите, веќе го откажа договорот за слободна трговија со соседите во Азија и на Пацификот (TTP) и остро го критикуваше сличниот договор со Канада и со Мексико (NAFTA). Најави и намалување на даноците, но не е јасен неговиот став за републиканскиот даночен пакет за кој дебатира Конгресот.
За тоа дали Трамп и републиканците ќе најдат заеднички јазик околу споменатите прашања, зависи колку навистина ќе бидат ефикасни во Вашингтон и како гласачите ќе ги оценат по две години на половината на мандатот, кога на владејачките партии досега редовно им се намалувала популарноста.
Некои републиканци се разочарани од тоа што Трамп не тргнал пожестоко во даночната реформа и повлекувањето на здравствениот систем наречен Обамакер. Претседателот уште јавно не престави ниедна законска иницијатива, за разлика од некои претходни претседатели во нивниот прв мандат, забележува Reuters.
Конзервативците се задоволи од тоа што Трамп ја именуваше најконзервативната влада во последните половина век и за судија на Врховниот суд го предложи Нил Горсач, млад конзервативец, кој го доби нивниот „благослов“. Ги одушевува и што заедно со републиканските конгресмени работи на поништувањето на бројните прописи до ерата на Обама, вклучително и оној кој на рударските компании им забранува да ги испуштаат отпадите во реките и потоците./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

