Контакт

Свет

Американските хеликоптери се неупотребливи, се жалат властите во Јужна Кореја

Објавено пред

Американските хеликоптери правени за Јужна Кореја се тотално промашување, укажуваат најновите извештаи.

dobivaj vesti na viber

Според податоците, американските радари не можеле да го детектираат непријателот поради софтверска грешка. Тие не биле во можност да детектираат ниту потенцијален пожар, а ниту присуство на подморници во морето, пишуваат светските медиуми.

Шест од 36 хеликоптери „AH-64E“ на Јужна Кореја, купени од САД, кои се опремени со противпожарни системи од производителот „Локид Мартин“, за време на оперативните тестови покажале проблеми. Во периодот од октомври до ноември радарот не успеал да открие непријателски позиции, го пренесуваат медиумите соопштението од тамошното Министерството за одбрана.

Радарот, според извештајот, погрешно препознал повеќе од десет цели за време на тестирањето во планинските области. Радарот исто така не успеал да открие ниту една цел за време на тестот над вода, се вели во извештајот.

Свет

Нови израелски напади врз јужен Бејрут

Објавено пред

Нови напади на Израел беа пријавени во јужен Бејрут.

dobivaj vesti na viber

Либанските државни медиуми објавија дека два удари ги погодиле јужните предградија на Бејрут, а над областа може да се забележи чад.

Веста доаѓа веднаш откако израелската војска издаде нови наредби цивилите во либанската престолнина да напуштат одредени згради.

ИДФ го потврди нападот на Бејрут: Цел беа разузнавачите на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот врз Бејрут.

Велат дека воените авиони лансирале проектили кон „разузнавачкиот штаб“ на Хезболах – цел за кој ИДФ соопшти дека веќе го погодиле со ракетен оган во последните денови.

Прикажи повеќе...

Свет

Израелскиот претседател: Време е сите Израелци да се вратат дома

Објавено пред

Израелскиот претседател Исак Херцог на церемонијата во Тел Авив по повод една година од нападите на 7 октомври рече дека е дојдено време сите Израелци да се вратат безбедно дома по една година мака.

dobivaj vesti na viber

„Нема да бидеме потполни и цели додека не дојдат дома кај нас. Тоа е највисоката наредба, да ги донесеме дома“, додаде тој.

Херцог го пофали „другарството и братството“ во Израел во текот на изминатата година и рече дека децата ќе се вратат да си играат на улиците на Галилеја, северен Израел.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ураганот Милтон засилено се движи кон американскиот брег: дуваат ветрови до 250 километри на час

Објавено пред

Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот залив во Америка, објави американскиот Национален центар за урагани.

dobivaj vesti na viber

Пријавени се силни ветрови до 250 километри на час додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави центарот за урагани.

На жителите на Флорида им беше кажано да се подготват за најголемата евакуација во последните години, а гувернерот Рон ДеСантис предупредува дека времето за евакуација брзо истекува.

Предупредувањата за ураганот Милтон доаѓаат само 10 дена откако ураганот Хелен, најсмртоносниот ураган што дошол на копно од Катрина во 2005 година, го погоди југоисточниот дел на САД, убивајќи најмалку 225 луѓе. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.

Најмалку 14 од тие смртни случаи се случиле во Флорида, каде што 51 од 67 окрузи сега се под итни предупредувања додека Милтон се приближува.

Ураганите се поделени во пет категории врз основа на брзината на ветерот. Оние кои достигнуваат категорија трета или повисока се сметаат за големи урагани поради нивната потенцијална опасност по човечкиот живот и штета, според Националната метеоролошка служба на САД.

Ураганот Милтон се очекува да ослабне утре кога ќе го премине Мексиканскиот залив, паѓајќи на ураган од трета категорија до моментот кога ќе дојде до копното во заливот Тампа, Флорида доцна во среда или рано во четврток, објавија американските медиуми.

Потоа се предвидува дека Милтон ќе продолжи да се движи кон североисток, поминувајќи ја Флорида и ќе тргне кон Атлантскиот Океан.

Пред да падне на копно, Националниот центар за урагани предупредува на обилни дождови и поплави за делови од Флорида почнувајќи од денес.

Се додава дека опасни по живот бранови и силни ветрови се можни долж делови од западниот брег на Флорида од доцна во вторник или рано во среда.

Меѓународниот аеродром во Тампа најави дека ќе ги прекине летовите од утре поради невремето. Новиот ураган доаѓа додека американската влада предупредува дека напорите за опоравување од ураганот Хелен може да траат со години.

Стотици патишта во погодените области сè уште се затворени, што го отежнува испраќањето помош до тешко погодените заедници.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје7 часа

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ9 часа

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија10 часа

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија10 часа

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија10 часа

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија11 часа

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија12 часа

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија12 часа

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...

Свет13 часа

Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе ги однесе мигрантите во Брисел и...

Регион16 часа

„Заедно до крај“: беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Ситуацијата е тешка во неколку...

Македонија16 часа

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион16 часа

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет16 часа

Фицо: Сè додека сум на власт, ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет16 часа

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет16 часа

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет16 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија1 ден

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион1 ден

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија1 ден

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...