Свет
Американски волонтери ќе ја тестираат првата вакцина против коронавирус

Првото човечко тестирање на вакцината за заштита од пандемичен коронавирус почнува денеска во САД, објави Би-би-си.
Група од 45 здрави доброволци ќе бидат тестирани, во истражувачкиот објект Кајзер Перменте, во Сиетл.
Вакцината не може да предизвика ковид-19, но, според информациите, содржи безопасен генетски код копиран од вирусот што ја предизвикува болеста.
Експертите велат дека сепак ќе бидат потребни многу месеци да се знае дали оваа вакцина, или други во текот на истражувањето, ќе успее. Научниците ширум светот будно ги следат брзите истражувања.
И ова прво човечко испитување, финансирано од Националниот институт за здравство, ја одложува проверката што нормално се спроведува – осигурајќи вакцината да може да предизвика имунолошки одговор кај животните.
Но, биотехнолошката компанија која стои зад работата (Moderna Therapeutics) вели дека вакцината е направена со испробан и тестиран процес.
Докторот Џон Трегонинг, експерт за заразни болести на „Империал колеџ“ во Лондон, Велика Британија, вели дека оваа вакцина користи постоечка технологија.
„Направено е на многу висок стандард, користејќи ги работите што знаеме дека се безбедни за употреба кај луѓето и оние што учествуваат во тестирањето ќе бидат многу внимателно следени. Да, ова е многу брзо – но тоа е трка против вирусот, а не едни против други како научници, и тоа се прави во корист на човештвото“, вели докторот Трегонинг.
Типични вакцини за вируси, како што се сипаници, се направени од ослабен или убиен вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин