Свет
Американски и руски астронаути заедно слетаа на Земјата: Ние сме вселенски браќа
Американски астронаут и двајца руски космонаути се вратија на Земјата на 30 март од Меѓународната вселенска станица во редок приказ на соработка меѓу двете земји чии односи беа уништени по почетокот на руската инвазија на Украина, пишува РСЕ.
Марк Ванде Хеј се врати на Земјата со руската ракета „Сојуз“ по поминати рекордни 355 дена на Меѓународната вселенска станица.
Ванде Хеи слета во Казахстан заедно со Пјотр Дубров од Руската вселенска агенција, кој исто така изминатата година ја помина во вселената и Антон Шкаплеров. По слетувањето, капсулата се превртела на страна поради ветерот, а тројцата астронаути излегле еден по друг.
Овде е убаво“, рече Ванде Хеи, кој последен излезе од капсулата.
Welcome home, @Astro_Sabot!
Setting the record for longest single NASA spaceflight, Mark Vande Hei spent 355 days off the planet. He contributed to hundreds of science experiments that benefit life on Earth and will help shape future deep space missions: https://t.co/pDrxnJsCoU pic.twitter.com/c29QGWS1QJ
— NASA (@NASA) March 30, 2022
За време на враќањето на американскиот астронаут, беше следена вообичаената процедура и покрај ескалацијата на тензиите меѓу САД и Русија.
Американскиот астронаут Ванда Хеи изјави дека таа тема ја избегнал со двајца руски колеги.
„И покрај тоа што фантастично се согласуваме, не сум сигурен дека сакавме да навлеземе во тоа“, истакна Ванде Хеи.
Пред да ја напушти станицата, Скаплер ги прегрна другите астронаути за кои рече дека се негови вселенски браќа.
„Луѓето имаат проблем на Земјата. Ние сме еден екипаж во орбитата. Вселенската станица е симбол на пријателството и соработката и иднината на истражувањето на вселената“, изјави рускиот космонаут во директен пренос на телевизијата НАСА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил
Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил.
Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 „воздржани“.
Новата листа на безбедни земји на ниво на потекло на ЕУ ќе овозможи брзо решавање на барањата за азил на граѓани на Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко, Тунис.
Според новите правила, поединечниот барател мора да покаже дека одредбата за безбедна земја не треба да се применува во неговиот случај поради основан страв од прогон или ризик од сериозна неправда ако се врати во својата земја.
Земјите кандидати за пристапување во ЕУ ќе се сметаат за безбедни земји на потекло, освен ако релевантните околности не укажуваат поинаку, што вклучува неселективно насилство во контекст на вооружен конфликт, стапка на признавање азил на нивните граѓани на ниво на ЕУ што е поголема од 20 проценти и економски санкции поради дејствија што влијаат врз основните права и слободи.
Комисијата ќе ја следи ситуацијата во земјите на листата и во земјите кандидати и ќе реагира доколку околностите се променат, се вели во соопштението на ЕП.
Известувачката Лена Дипонт од Германија оцени дека денешното гласање за концептот на безбедни трети земји обезбедува уште еден клучен елемент за функционален и кредибилен систем за азил.
„Со овозможување побрзо и поефикасно отфрлање на очигледно неосновани барања за азил во иднина, ги забрзуваме процедурите за азил, ги олеснуваме системите на земјите-членки и им помагаме на луѓето да не бидат во правна неизвесност со години“, рече таа.
Пред да стапат во сила, овие регулативи треба да бидат усвоени од Европскиот совет, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД.
Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави Би-Би-Си.
„Европа денес се соочува со огромен предизвик, во свет кој е во хаос“, предупреди Макрон во интервју.
„Дали сме подготвени да станеме светска сила? Тоа е прашање што се однесува на економијата и финансиите, одбраната и безбедноста, како и на нашите демократски системи“, рече тој. „Во друга ера, би можеле да кажеме дека ова е моментот за полнолетство“.
Макрон го повтори својот повик за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за да се соберат стотици милијарди евра потребни за индустриски инвестиции.
„Време е да се започне заедничко задолжување за финансирање на нашите идни трошоци – еврообврзници за иднината. Ни требаат големи европски програми за финансирање на најдобрите проекти“, рече тој.
фото/Depositphotos
Свет
Калас: Ќе предложиме услови што Русија мора да ги исполни
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина.
„Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, изјави Калас пред група новинари на новински агенции во Брисел, според Ројтерс.
Според неа, ЕУ има услови за тоа.
„И овие услови не треба да им се наметнуваат на Украинците, кои веќе се под голем притисок, туку на Русите“, истакна таа.

