Свет
Американски медиуми: Америка има опсежен план во случај Ким да почине?
Американската влада има опсежен план за вонредна ситуација во случај на смрт на севернокорејскиот лидер, очекувајќи хуманитарна криза од масовни размери во земјата.
Извори за „Фокс њуз“ разговарале за тие планови во моменти на контроверзни здравствени извештаи на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун. Тие, исто така, повикуваат на претпазливост во врска со овие извештаи, кои тврдат дека Ким се соочува со смртна опасност по операцијата на срцето.
И натаму е непознато која е вистината за неговата здравствена состојба, американската влада направила опсежни планови во случај Ким да почине, рекол извор за „Фокс њуз“, за кого се вели дека е високопозициониран разузнувач.
Владиниот претставник рекол дека најверојатно ќе има голема хуманитарна криза во Северна Кореја, во која милиони луѓе би се соочувале со глад и масовен егзодус во Кина.
Разузнавачки извори рекле дека голем дел од планот е очекувањето Кина да истапи и да помогне во контролирање на ситуацијата на севернокорејското тло. Делумно поради близината на Кина, како и делумно поради логистичкиот предизвик што би го имале САД во обезбедување хуманитарна помош.
Извори од Белата куќа рекле дека го следат извештајот за состојбата на Ким, но дека сè уште нема потврда за неговото здравје. Разговорите меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма долго време се во застој. Еден извор рекол дека за време на последниот самит тие коишто биле во близина на Ким забележале дека тешко дише за неговите години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.