Свет
Америка бара укинување на патентите на вакцината против корона, Франција се противи
САД се залагаат за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против Ковид-19 за да се забрзаат производството и дистрибуцијата на скапоцениот серум во светот, соопшти денеска администрацијата на Бајден.
„Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на Ковида-19 бараат вонредни мерки“, рече американската претставничка за трговија Кетрин Таи во изјавата.
„Администрацијата цврсто верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но за да се запре оваа пандемија треба да се укине заштитата на вакцините против Ковид-19“, додаде таа, додавајќи дека Вашингтон е активно вклучен во преговорите со СЗО за укинување на патентите.
Индија и Јужна Африка бараат привремено одземање на патентите за вакцини за да се забрза производството, но некои земји, како што е Франција, се противат на тоа.
Моќните фармацевтски лаборатории претежно се спротивставуваат на одземањето на нивните патенти, истакнувајќи дека тоа ги обесхрабрува скапите истражувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Турист пронајден мртов во Грција
Американски турист (55) денес бил пронајден мртов на грчкиот остров Матраки.
Раниот топлотен бран се совпадна со бранот на исчезнувања и смртни случаи на туристи.
„Постои заедничко нешто. Туристите кои починаа планинареа на високи температури“, изјави за Ројтерс, Петрос Василакис, портпарол на полицијата во Јужното Егејско Море.
Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими по четиридневна операција за пребарување со помош на авиони и дронови. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.
Полицијата не го откри идентитетот на Американецот чие тело во неделата беше пронајдено во близина на плажата во Матраки.
– Телото е префрлено на Крф каде ќе биде извршена обдукција – изјави полициски претставник за Ројтерс.
Друг турист, Холанѓанец, кој имаше 74 години, беше пронајден мртов на островот Самос во саботата, додека двајца планинари беа пронајдени безживотни на Крит на 5 јуни.
Спасувачките екипи трагаат по две постари Французинки на Сикинос и по американски полицаец (59) на Аморгос.
– Во тек се две операции за пребарување на други острови. Распоредени се спасувачки екипи и доброволци кои со помош на дрон и куче спасувач трагаат по исчезнати лица – изјави Василакис.
Свет
Хаос на летот од Мароко до Лондон: Авионот принудно слета поради масовна тепачка меѓу патниците
На летот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ од Агадир, Мароко до Лондон, избила масовна тепачка меѓу патниците, поради што пилотот принудно слетал, објави „Њујорк пост“.
Весникот наведува дека инцидентот кој се случил на 3 јули почнал уште пред полетувањето кога еден од патниците побарал да го смени седиштето.
Тепачката избила на летот за лондонскиот аеродром Станстед, а патниците врескале еден кон друг додека персоналот на авиокомпанијата давал се од себе за да ги смири.
„Беше толку стресно. Тоа беше како пекол. И се ескалира кога еден човек сакаше да го смени седиштето“, раскажа патник на летот.
Свет
Во Киев е прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи 9 јули за ден на жалост по смртоносните напади на главниот град.
Сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на институционалните згради низ градот, објави тој на Телеграм, а сите забавни настани се откажани.
Најмалку 20 луѓе загинаа во главниот град, вели Кличко, а речиси 100 се ранети.