Свет
Индија пријави рекорден број нови случаи од коронавирус
Инидија објави рекорден број нови случаи на Ковид-19, 412.262 и рекорден дневен биланс на починати, 3980.
Во втората по бројност земја во светот, бројот на заразени со Ковид-19 надмина 21 милион, а досега починале 230.168 лица како резултат на коронавирусот.
Според светските медиуми, болниците се молат за кревети и кислород, а медицинските експерти велат дека бројот на жртвите може да биде пет до 10 пати поголем од официјалните податоци.
Светската здравствена организација (СЗО) во неделниот извештај соопшти дека речиси половина од сите случаи на коронавируси пријавени минатата недела ширум светот и една четвртина од смртните случаи се пријавени во Индија.
Ковид-кризата е најтешка во главниот град Њу Делхи и другите градови, но во руралните области, каде што живеат речиси 70 проценти од 1,3 милиони луѓе во Индија, ограничената здравствена заштита претставува уште поголем предизвик.
„Ситуацијата во селата стана опасна“, рече Суреш Кумар, теренски координатор на добротворната организација за човекови права Манав Сансадхан Евам Махила Викас Санстан.
„Луѓето се исплашени и се собираат во своите домови со треска и кашлица. Ова се симптоми на Ковид-19, но многумина мислат дека тоа е сезонски грип бидејќи нема достапни информации“, велат од Министерството за здравство.
Главниот научен советник во Индија предупреди на можен трет бран на заразени со коронавирус.
„Третиот бран е неизбежен со оглед на високото ниво на циркулирачки вирус“, рече главниот научен советник на владата на брифинг со новинарите .
„Но, не е јасно кога ќе дојде оваа трета фаза . Треба да се подготвиме за нови бранови“, рече тој.
Премиерот Нарендра Моди се најде на удар на критики затоа што не постапил навреме и правилно за да го задуши вториот бран, откако верските фестивали и политички митинзи привлекоа десетици илјади луѓе во последните неколку недели и станаа настани за „супер-ширење“ на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.