Свет
Америка го удвојува бројот на маринците во земјата што граничи со Русија
Соединетите Американски Држави повеќе од двојно ќе го зголемат бројот на маринците стационирани во Норвешка, во согласност со плановите кои првпат беа претставени во јуни, објави денеска норвешкото Министерство за одбрана.
Планот да се зголеми бројот на маринците во Норвешка од 330 на 700 и да се премести дел од нив поблиску до границата со Русија, наиде на остра реакција од страна на официјална Москва, која тој план го нарече „очигледно непријателски”, пренесува „Ројтерс“.
Владата во Осло, која, според „Ројтерс“, е постојано загрижена поради руските воени активности од припојувањето на Крим во 2014 година, инсистира на тоа дека зајакнатото присуството на САД исклучиво има за цел обука и не треба да се толкува како воена ескалација.
Маринците треба да ја напуштат Норвешка до крајот на оваа година, откако пристигнаа во јануари 2017 година за да се обучат за борба во зимски услови.

Инаку, од Втората светска војна до сега, ова се првите странски војници стационирани во Норвешка, која е членка на НАТО.
Одлуката да се примат маринците ја налути Русија, и Москва кажа дека таквата одлука ќе ги влоши билатералните односи и ќе ги зајакне тензиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

