Свет
„Амнести“ го повика Бајден да го осуди кршењето на човековите права во Египет
Директорот за застапување на МЕНА во „Амнести интернешнел“, Филип Насиф, го повика американскиот претседател Џо Бајден да го осуди кршењето на човековите права во Египет и да побара промена.
„Десетици илјади луѓе беа приведени и затворени во Египет, а ‘Амнести интернешнел’ го нарече тоа најголемиот затвор на отворено во светот“, изјави Насиф за „Тудеј њуз Африка“
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал- Сиси наложи насилно потиснување на активистите, медиумите и луѓето кои не се согласуваат со ставовите за државата или со неговата религија. Угнетувањето е во најлоша форма, полоша отколку што сме виделе во современата историја, вклучувајќи тортура во затворите и смртност за која нема информации.
„Нашата загриженост е дека американската влада продолжи да му продава оружје на Египет и да му обезбедува политичко покритие. Тоа им го кажавме многу јасно и на американскиот Конгрес и на администрацијата на Бајден“, вели Насиф.
Бајден вети дека нема да веќе да му обезбедува бланко покритие на „омилениот диктатор“ на Трамп откако поранешниот американски претседател продолжи да одржува блиски односи со Сиси и покрај тоа што кршењето на човековите права драматично се зголеми.
Сепак, Бајден во февруари наиде на масовна осуда откако неговата администрација одобри продажба на оружје во вредност од 200 милиони долари на Египет.
На почетокот на неделава критиките беа обновени откако Бајден го поддржа имунитетот на поранешниот египетски премиер Хазем Беблави по тужбата поднесена од поранешниот политички затвореник Мохамед Солтан во Вашингтон, според која Беблави е одговорен за тортурата што му била извршена за време на затворањето во Египет.
Минатиот четврток американското Министерство за правда достави формална декларација со која го повикува Федералниот суд да го отфрли случајот на Солтан.
Коментарите на Насиф следуваат по објавувањето на годишниот извештај на „Амнести интернешнел“ за состојбата со човековите права, во кој се документирани повредите извршени во Египет во 2020 година.
„Властите го казнуваат секое јавно или перципирано несогласување“, се вели во извештајот „и ги притвораат новинарите како одмазда за нивните критички ставови, вклучително и оние за справувањето со кризата со Ковид-19 од страна на владата“.
Стотици демонстранти и случајни минувачи се под истрага за обвиненија поврзани со тероризам, а гаранциите за фер судење редовно се отфрлаат. Жените се гонети под обвинение за повреда на моралот поради начинот на облекување, а властите уапсија и гонеа христијани, шиитски муслимани и други за богохулење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

