Свет
„Амнести интернешнл“: Нападите на коалицијата во Рака го прекршија меѓународното право

Нападите на коалицијата преводена од САД над терористичката организација Исламска држава во сирискиот град Рака минатата година го прекршија меѓународното право преку загрозувањето на животите на цивилите, соопштиле од организацијата „Амнести интернешнл“ во вторникот, пренесува „Ројтерс“.
За време на кампањата за освојувањето на Рака коалицијата не ги зела предвид цивилите и не применила соодветни мерки за да ја намали опасноста за нивните животи, потенцирале од организацијата.
Коалицијата, пак, одговорила дека била внимателна во поглед на цивилите и дека ги истражила сите наводи во врска со овие случувања. Кампањата за освојувањето на Рака траеше од јуни до октомври минатата година и беше спроведена од страна на Сириските демократски сили (СДФ), алијанса од курдски и арапски милиции, поддржана од страна на авиони на коалицијата, како и нивни специјални сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сопственичката на куќата во Брчко во која беа пронајдени 31 дете со години водела градинка „на диво“, пишува „Кликс“

Истрагата за пронаоѓањето на 31 дете во куќа во Брчко е во тек, а „Кликс“ пишува дека неофицијалните информации што ги имаат укажуваат дека долги години во зградата функционирала дива градинка за која знаеле соседите.
Да потсетиме, сопственичката на куќата во која беа пронајдени 31 дете, Захида Ѓого од Брчко е уапсена поради сомнение дека сторила три кривични дела заедно со уште седум други лица: трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоупотреба на деца.
Уапсени се и нејзиниот син и жената која престојувала во објектот, која потекнува од областа Бања Лука и најверојатно е италијански државјанин. Во случајот се вклучени и истражители од Хрватска, како и ЕУРОПОЛ. Хрватски „Индекс“ извести дека од полициски извори дознале дека во Брчко биле пронајдени претежно деца Роми. Помал број од нив имале хрватски пасоши, но нивниот идентитет и оригиналност се уште се проверуваат.
Според извори од порталот Klix.ba, како и локални жители, Ѓого во 2018 година основала нелегална градинка во нејзината куќа, каде што чувала деца. За пошироката заедница, ништо околу ова не беше спорно, дури ни фактот дека децата никогаш не биле во пространиот двор од куќата.
„Ја познавам Захида многу години, нејзиниот сопруг почина минатата година, а таа живееше во куќата со нејзиниот син. Знаев дека таа е бебиситерка и не најдов ништо чудно за тоа. Знаев дека има деца, но не дека имало толку многу. Јас навистина не разбирам зошто имало толку многу деца таму. Секој ден гледав родители како ги носат и земаат своите деца. Никогаш не излегуваа во дворот, беа затворени во куќата“, изјави за Кликс еден од соседите на Захида.
Куќата во која престојувале децата ја обезбедува полиција, а соседите не сакаат јавно да зборуваат за целиот случај. Исто така, покрај вкупно осуммина осомничени и досега уапсени, полицијата сослушала и неколку родители на децата, меѓу кои и татко од Хрватска кој вчера бил во Брчко, пишува Кликс.
Според информациите потврдени за Кликс, децата пронајдени во куќата биле на возраст од новороденче до 12 години, биле во прилично запуштена состојба, а откако биле преместени, под надзор на надлежните служби, биле сместени во локален хотел во областа Брчко.
Регион
Во Министерството за одбрана во Србија уапсени три лица за јавна набавка во ВМА

По наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата, Воената полиција во Србија денеска уапси три лица под сомнение дека сториле разни кривични дела во врска со јавна набавка на медицинска опрема за ВМА, пренесуваат тамошните медиуми.
Сомненијата се дека на овој начин прибавиле финансиска корист на фирма од Белград од речиси 100.000 евра.
Уапсени се раководителот на Одделот за квалитетен менаџмент, планирање и анализа на ВМА, М. С. (49), воениот офицер на Секторот за здравство на Министерството за одбрана, М. С. (51), и сопственикот на две трговски друштва од Белград, М. Ш, соопшти Обвинителството.
Осомничените се товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба, а М. С. (51) и за кривичното дело примање поткуп.
Осомничениот М. Ш. се товари за кривичните дела злоупотреба на положбата одговорно лице, поткуп и злоупотреба во врска со јавните набавки.
Се сомнева дека М. С. (49) како раководител на Одделот за управување со квалитет, план и анализа на ВМА и М. Ш. (51) како референт за јавни набавки на Управата за здравство од октомври 2023 година до април 2024 година, користејќи ги својата службена положба и овластувањето и со пречекорување на границата на службените овластувања, прибавиле финансиска корист за фирма од Белград и за нејзиниот сопственик во износ од 11.754.120 динари.
На осомничените, според написите, им е одреден притвор до 48 часа, а за тоа време ќе бидат спроведени на распит.
Српските медиуми потсетуваат дека пред десетина дена беше уапсен шефицата на токсикологија, Ј. С. Ј., поради сомнение дека со искористување на службената положба прибавила материјална корист за себе и за другите во износ од повеќе од три милиони динари.
Свет
Француски извори: Трамп сакаше да ја откаже средбата со Зеленски, Макрон реши сè

Односите меѓу украинскиот претседател Володомир Зеленски и претседателот на САД, Доналд Трамп, се толку напнати што француските медиуми пишуваат дека американскиот претседател наводно размислувал целосно да ја откаже посетата за да биде убеден од францускиот претседател Емануел Макрон да продолжи со тоа.
БФМТВ, повикувајќи се на дипломатски извор, објави дека тимот на Трамп вчера ѝ кажал на Украина дека состанокот ќе биде откажан поради што Зеленски разговарал со Макрон, кој интервенирал во негово име.
На крајот, поканата беше повторно на маса, а Зеленски се очекува да биде во Белата куќа подоцна денеска, но сигурно ќе има одредена нервоза не само до почетокот на состанокот туку и до неговото завршување бидејќи има многу потенцијални прашања што би можеле да ги попречат разговорите.