Свет
Аналитичар: Проблемот на Блискиот Исток не се терористичките групи, туку Нетанјаху
Аналитичарот за надворешна политика и поранешен хрватски амбасадор во Москва, Божо Ковачевиќ, за ХРТ ја коментира ситуацијата на Блискиот Исток, велејќи дека главниот проблем е војната во Газа.
Проиранските групи кои дејствуваат на територијата на Ирак најавија дека ќе ги одложат своите акции против американски цели, но Хутите не беа погодени од американските напади врз Јемен.
„Клучниот проблем е војната во Газа и додека не се прекинат воените операции таму, нема да има вистинска деескалација на конфликтот“, рече Ковачевиќ.
Тој смета дека на Американците им е важно конфликтот да не ескалира бидејќи овој регион повеќе не е предмет на американските интереси, но вели дека се уште е предмет на интензивна конкуренција меѓу големите сили.
Тој додава дека Израел на секој начин се обидува да предизвика војна меѓу САД и Иран.
„Во моментов главниот проблем на Блискиот Исток не се терористичките и исламистичките групи, туку главниот проблем е Бенјамин Нетанјаху. Тој со својата непослушност ја отежнува позицијата на Џо Бајден и неговата администрација пред изборите“, посочи Ковачевиќ.
Што се однесува до проблемите во Црвеното Море, Европската унија не е способна да ја проектира својата моќ на глобално ниво, смета Ковачевиќ. Тој додава дека Унијата не е способна ниту за превентивно дејствување за да избегне конфликти на европско тло.
„ЕУ не е убедлив субјект на меѓународните односи“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

