Контакт

Европа

Англиските банди регрутираат деца исфрлени од училиште кои брзо посегнуваат по ножеви

Објавено пред

Британската хуманитарна организација „Барнардо“ ја предупреди англиската јавност дека криминални банди ангажираат и искористуваат деца кои по исклучувањето од училиште растат на улица. Овие деца често прибегнуваат кон носење и употреба на оружје кое е лесно достапно, како што се ножеви, пренесува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Според истражувањето на организацијата All-Party Parliamentary Group on Knife Crime, сè повеќе деца се исклучени од англиските училишта. Се работи за голем пораст во примената на таквата воспитна мерка – бројот на исклучувања од образовните институции во Англија се зголемил за 56% од 2014 година наваму.

„Бројот на криминални активности во кои се користи ладно оружје, особено ножеви, го достигна својот врв. Нашите училишта се на првата линија на фронтот. Сè поголем број деца се исклучени од училиштата и немаат каде да одат, па се свртуваат кон улицата. Целата ситуација е ужасна“, изјави Сара Џонс, шефица на All-Party Parliamentary Group on Knife Crime.

Џавед Кан, извршен директор на „Барнардо“, ја повика владата активно да работи за да се намали бројот на исклучувања од училиштата и да овозможи алтернативни методи за обука и образование на младите луѓе, со цел додека се на ранлива возраст да можат да стекнат вештини што ќе им овозможат позитивна иднина.

Европа

Украина: Западните мировници би можеле да патролираат по воздушен и морски пат

Објавено пред

Украина е во разговори со западните сојузници за да се осигура дека секој иден воен контингент кој ќе го надгледува потенцијалниот прекин на огнот, исто така, има улога во патролирањето на воздушниот и поморскиот простор, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи.

dobivaj vesti na viber

„Ако нашите партнери и сојузници се подготвени да разговараат за можното распоредување на овие контингенти за да се обезбеди мир и безбедност во Украина… тогаш мислиме дека е сосема можно да се разговара за безбедноста на небото“, рече Тихи.

Дискусијата доаѓа во време кога се споменува концептот на мултинационални мировни сили како потенцијална безбедносна гаранција за Украина во случај на прекин на огнот.

Според Киев Индипендент, Тихи ја истакнал важноста од зајакнување на безбедноста во Црното Море, со оглед на континуираните руски закани за слободата на пловидба. „Веќе разговараме за ова во преговорите со нив (западните партнери – уред.) и веруваме дека ова е сериозна тема за која треба да се разговара“, рече тој, додавајќи дека ова прашање може дополнително да се разговара на самитот на ЕУ на 6 март.

Вашингтон ја поддржа идејата за европски мировни сили, а американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на 12 февруари рече дека таквата мисија нема да вклучува американски војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 февруари повтори дека Европа треба да преземе примарна одговорност за регионалната безбедност. Франција, Обединетото Кралство и неколку други земји сигнализираа поддршка за распоредување мировници, иако европските нации сè уште не постигнале консензус.

„Вашингтон пост“ на 17 февруари објави дека до 30.000 европски војници може да бидат испратени во Украина како дел од мисијата за следење на прекинот на огнот.

Прикажи повеќе...

Европа

Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Објавено пред

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.

По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.

Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.

Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски е поканет на важен состанок на ЕУ за европската одбрана

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и на европската одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања поврзани со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите членки на ЕУ.

Вонредниот самит што ќе се одржи за една недела ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.

„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3 февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и со идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.

Во однос на Украина, „постои нов момент што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.

„Европската Унија и нејзините земји членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.

„Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции, кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ2 часа

Кривична против директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење...

Свет4 часа

(Видео) Зеленски денеска пристигнува во Белата куќа, Трамп не се сеќава дека го нарекол диктатор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „голема почит“ за украинскиот претседател Володимир Зеленски пред нивниот состанок во Белата куќа....

Свет4 часа

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет4 часа

Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија15 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија17 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија20 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија21 час

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија22 часа

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија23 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија23 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија1 ден

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија1 ден

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ1 ден

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ1 ден

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа1 ден

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет1 ден

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет1 ден

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет1 ден

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...