Свет
Антички јура-свет од вулкани пронајден под површината на Австралија
Меѓународен тим истражувачи, вклучително и научници од австралискиот Универзитет на Аделаид и шкотскиот Универзитет во Абердин, откриле поле со 100 подземни вулкани од ерата јура, скриени под површината на Земјата во централна Австралија, покажува студијата објавена во списанието „Гондвана рисрч“.
Басените Купер-Ероманга, кои се наоѓаат на североистокот од Јужна Австралија и југозападно од Квинсленд, веќе 60 години се поле за истражување и производство на нафта. Меѓутоа, античкиот подземен предел поминал незабележано кај експертите.
Користејќи ја напредната технологија за снимање подземни површини за да ги идентификуваат вулканските кратери, тековите на лавата и коморите за магма во басените Купер-Ероманга, тимот ги открил вулканите 180 милиони години откако тие се развиле, во периодот Јура. Вулканите потоа беа закопани под слоевите седиментна карпа.
Иако денес се неплоден пејзаж, басените Купер-Ероманга во времето на јура имале кратери и пукнатини кои исфрлале врел пепел и лава и биле опкружени со речни канали што се развивале во езера.
„Додека поголемиот дел од вулканската активност на Земјата се случува на границите на тектонските плочи или под океаните на Земјата, овој антички свет од јура се развил длабоко во внатрешноста на австралискиот континент“, вели вонредниот професор Симон Холфорд.
Според Холфорд, откритието нуди можност за повеќе неоткриени вулкански светови скриени под површината на Австралија.
Она што го прави тековното истражување особено интересно е што претпоставува поголема вулканска активност во Австралија за време на периодот јура отколку што се веруваше порано. Новите откритија имаат потенцијал да го променат разбирањето на процесите што се одвивале во минатото на Земјата, заклучуваат научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“
Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Како што пишува Политико, Сенатот би можел да гласа за тој предлог уште следната недела.
Сенаторот од Јужна Каролина рече дека целта на санкциите ќе биде дополнително да се изврши притисок врз Москва да ја прекине војната против Украина.
Зелено светло од Белата куќа
„По многу продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп за низа прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот законски предлог за санкции против Русија на кој работев со месеци со сенаторот Ричард Блументал и многу други“, рече Греам во соопштението, осврнувајќи се на демократскиот сенатор од Конектикат, кој е коавтор на долго блокираниот закон, објави Политико.
Кога беше прашан за тврдењата на Греам, функционер од Белата куќа потврди дека Трамп го поддржува законодавството. Греам додаде дека гласањето во Сенатот би можело да се одржи „се надеваме уште следната недела“.
After a very productive meeting today with President Trump on a variety of issues, he greenlit the bipartisan Russia sanctions bill that I have been working on for months with Senator Blumenthal and many others.
This will be well-timed, as Ukraine is making concessions for peace…
— Lindsey Graham (@LindseyGrahamSC) January 7, 2026
Секундарни санкции и притисок врз сојузниците на Москва
Според „Политико“, Греам и републиканското раководство во Сенатот со месеци соработуваат со Белата куќа за да постигнат договор за конечната верзија на законот. Сепак, ова не е прв пат Греам да најави непосредно гласање, по што иницијативата повторно би била заглавена во постапката.
Според предлогот, законот би вовел таканаречени секундарни санкции врз земји како Кина и Индија кои купуваат руска нафта и гас, со цел да се прекине протокот на пари што ја финансираат воената машинерија на претседателот Владимир Путин.
„Украина прави отстапки за мир, а Путин само зборува и продолжува да убива невини“, рече Греам, додавајќи дека усвојувањето на законот во овој момент би било „навремено“.
Трамп бара целосна флексибилност
Портпаролот на Линдзи Греам не одговори веднаш на прашањето дали законот ќе биде изменет на барање на Трамп. Американскиот претседател, како што нè потсетува „Политико“, претходно бараше апсолутна флексибилност кога станува збор за воведување и повлекување на санкциите, односно правото да ги активира или укине по сопствена проценка.
„Политико“ наведува дека останува нејасно дали конечната верзија на законот целосно ќе ги задоволи барањата на Белата куќа, но јасно е дека поддршката на Трамп е клучен чекор кон тоа предлогот конечно да стигне до Сенатот по месеци застој.
Европа
Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на ист начин како што направија со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, верувајќи дека таквата операција би можела да влијае врз руското раководство.
„Еве еден пример со Мадуро. Да, тие спроведоа операција. Сите ги видоа резултатите, целиот свет. Го направија тоа брзо. Па, нека спроведат некаква операција врз овој, како се вика, Кадиров“, рече Зеленски, цитиран од РБК.
На 3 јануари, американската војска ги уапси Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во нивниот дом во Каракас и ги транспортираше во Њујорк, каде што соборениот лидер на републиката беше обвинет за „наркотероризам“. Самиот Мадуро изјави на суд дека останува претседател на Венецуела.
Одговор од Чеченија
Рамзан Кадиров одговори на предлогот преку својот Телеграм канал, тврдејќи дека Зеленски сака да ги постигне своите цели преку други. „Забележете дека тој дури и не се закани дека ќе го стори тоа самиот“, напиша чеченскиот лидер, истакнувајќи дека Зеленски претпочиташе да остане настрана „и да гледа од безбедно растојание“.
„Ме става на листата на барани лица и наметнува санкции. Сега бара помош од Американците, велејќи: „Ако не помогнаа со оружје, барем киднапирајте го Рамзан“, рече Кадиров.
„Зачувајте го вашиот образ и не се понижувајте. Да имавте трошка машкост во вас, ќе разберевте колку понижувачки звучат вашите зборови и барања“, додаде тој.
За налогот на Украинската безбедносна служба
Ова не е прв конфликт меѓу Кадиров и украинските власти. Безбедносната служба на Украина (СБУ) претходно го прогласи Кадиров за барано лице, обвинувајќи го за спроведување „агресивни воени дејствија“ и кршење на законите и обичаите на војување.
Од друга страна, Истражниот комитет на Русија го окарактеризира тој потег како „свесно доведување на невино лице пред кривична одговорност“.
Свет
Трамп сака воен буџет од 1,5 билиони долари: „Ќе ја изградиме војската од соништата“
Претседателот Доналд Трамп изјави дека американскиот воен буџет за 2027 година треба да изнесува 1,5 билиони долари, значително повеќе од 901 милијарда долари што Конгресот ги одобри за 2026 година.
Во објава на Truth Social, Трамп рече дека одлуката за воените трошоци за 2027 година ја донел „по долги и тешки преговори со сенатори, членови на Конгресот, секретари и други политички претставници, а особено во овие многу проблематични и опасни времиња“.
Само во изминатите неколку дена, американските сили го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро од неговата земја, соборувајќи го од власт, а Белата куќа соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и потенцијално користење на американската војска.
Сега, Трамп најавува дека ќе изгради „армија од соништата“.

Секое такво зголемување на воениот буџет би барало одобрение од Конгресот, но републиканците на Трамп, кои имаат тесно мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом, досега не се спротивставија на плановите за трошење на претседателот.
Веста доаѓа по претходен пост на Трамп на Truth Social во кој ги критикуваше одбранбените компании дека се премногу бавни во производството на оружје.
Тој вети дека ќе ги спречи да исплаќаат дивиденди или да откупуваат акции сè додека не го забрзаат производството.
Трамп нагласи дека дополнителните трошоци ќе бидат покриени од приходите од царините што ги воведе на речиси секоја земја и многу индустриски сектори, а САД сè уште ќе можат да го намалат својот долг и да обезбедат средства за Американците со „средни приходи“.

