Свет
Апокалиптични сцени од воздух: украински град срамнет со земјата
Руската армија објави фотографии од окупираниот украински град Маринка во областа Донецк, кој беше целосно уништен за време на војната.
„Кога ќе го чуете зборот апокалипса, што ви паѓа на памет? Крај на светот, крај на животот, нешто страшно и неповратно, но тоа се случува сега“, пишува покрај фотографиите објавени на „Телеграм“.
На овие фотографии бурно реагираа корисниците на социјалните мрежи и украинските власти. Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, истакна дека Маринка бил жив град и напредувал пред војната.
Ukrainian Marinka in the Donetsk region. It used to be home for around 10,000 people. It used to be a peaceful city. It used to be… until Russia’s war criminals razed it to the ground. Zoom in to see that nothing is left untouched.
Photo: Presidential Office of Ukraine pic.twitter.com/d7xv47jNzq
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) March 5, 2023
„Ова е украинскиот град Маринка во областа Донецк. Тоа беше тивок град… сè додека руските криминалци целосно не го уништија. Зголемете ја фотографијата за да видите дека ништо не остана“, напиша украинското МНР.
Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, изјавил дека неговиот град е уништен, пренесува „Јутарњи лист“.
„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој, освен војници. Таму нема начин да живее цивилно население. Руските сили намерно ги израмнуваат урнатините во градот за да ги уништат сите засолништа, без разлика дали се работи за цивилно засолниште или за воен објект. Тие уништуваат сè затоа што не може да ги победат нашите трупи со својата тактика. Затоа уништуваат сè“, изјави Шус за АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

