Контакт

Свет

Апсења во Германија, цел на рацијата се Чеченци

Објавено пред

Во повеќе германски покраини полицијата спроведе претреси поради сомненија за „подготовки на тешки насилства кои ја загрозуваат земјата“.

dobivaj vesti na viber

Државното обвинителство во Берлин утрово спроведе претреси во Берлин, Бранденбург, Северна Рајна Вестфалија и Тиринги, а главните акции биле во Берлин и Тиринги. Според пишувањата на дневникот „Билд“, рацијата се спроведува во исламистичка сцена и е насочена против Чеченци.

Обвинителството потврдило дека во Бранденбург, во местото Лудвигсфелд, е уапсено најмалку едно лице, во Берлин најмалку две лица, а во Хаген едно лице.

Уапсените биле долго време следени од страна на надлежните служби, а засега е нејасно дали набавиле вооружување или експлозив. Конкретната цел на планираниот напад сè уште не им е позната на истражителите и очекуваат детални информации по анализата на запленетиот материјал.

Чеченските исламистички мрежи веќе долго време важат за многу опасни, бидејќи нивните припадници биле во војна и се обучени за ракување со експлозив.

Свет

Сите летови откажани, најавени национални демонстрации во Белгија

Објавено пред

Од

Се очекува десетици илјади демонстранти да се соберат денес во Брисел во знак на протест против планираните намалувања на владиниот буџет, што последователно ќе предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај и функционирањето на јавните услуги.

dobivaj vesti na viber

Поради отсуството на безбедносниот персонал од работа на најголемиот аеродром во Белгија, Завентем, сите појдовни летови се откажани, како и неколку дојдовни летови, објави аеродромот.

На веб-страницата на аеродромот Шарлроа, втор по големина во земјата, се наведува дека ниеден авион нема да полетува или слетува таму.

Белгиската новинска агенција Белга објави дека протестите ќе влијаат и на локалниот јавен превоз во сите три региони, при што помалку од половина од сите закажани автобуси, трамваи и метроа работат.

Белгиските медиуми известуваат дека тешкотиите ќе се почувствуваат и во собирањето отпад и поштенскиот сектор. Сепак, железничкиот оператор SNCB соопшти дека додал повеќе возови до Брисел за да им овозможи на демонстрантите да патуваат до главниот град.

Трите главни синдикати, либералниот CGSLB, христијанскиот CSC и левичарскиот FGTB, заеднички повикаа на „национални демонстрации“ против промените во пензиите и надоместоците за невработеност, како и падот на куповната моќ.

Полицијата ги советуваше граѓаните да не патуваат до Брисел со автомобил, бидејќи бројни патишта ќе бидат затворени поради очекуваниот прилив на демонстранти.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Заложникот Алон Охел свирел пијано за првпат по две години, неговата мајка зборуваше и за повредите

Објавено пред

Алон Охел (24) – заложникот со српско потекло, свирел пијано за првпат од 7 октомври 2023 година, кога бил киднапиран во напад на палестинската милитантна група Хамас врз Израел, во неговата болничка соба во Тел Авив, изјави неговата мајка Идит Охел за израелскиот Канал 12.

dobivaj vesti na viber

„Пред неколку минути седна на пијаното во својата соба и свиреше малку по две години“, истакна мајката на младиот пијанист, додавајќи дека Алон постепено ќе се врати на свирење на нивото на кое беше навикнат.

Семејството Охел користеше донирани пијана низ целиот свет како начин да ја подигне свеста за неговата тешка состојба.

Кога беше прашана за лошата состојба на окото на Алон, за која претходно зборуваа израелските заложници ослободени претходно оваа година, Идит рече дека „Алон гледа многу лошо на десното око“.

„Тој сè уште не поминал детални прегледи. Ќе видиме“, додаде таа, како што објави „Тајмс оф Израел“.

Идит нагласи дека нејзиниот син не знае ништо за тоа што се случило во Израел во текот на изминатите две години, освен дека имало војна.

„Тој беше шокиран кога виде толку многу луѓе на Плоштадот на заложниците и непознати луѓе кои ја држеа неговата слика. Одиме чекор по чекор, во ритамот на Алон“, додаде таа.

Охел присуствуваше на музичкиот фестивал Нова на 7 октомври 2023 година, кога членови на Хамас го нападнаа јужен Израел и го киднапираа него и 250 други заложници. Како дел од договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа, Хамас вчера ослободи 20 заложници.

Вчера, голем број луѓе се собраа на Плоштадот на заложниците во Тел Авив во поддршка на ослободените заложници и нивните семејства.

Иако долго време немаше официјална потврда дали Алон е жив или мртов, неговата мајка Идит никогаш не ја изгуби надежта. Како што претходно изјави за телевизијата „Блиц“, ослободените заложници ѝ раскажале за заробеништвото и тортурата низ која поминале.

– Тие биле држени во многу мал простор, 40 метри под земја, во тунел. Им била давана мала количина храна дневно, една пита или нешто многу, многу мало. Врзани биле со синџири на глуждовите и немале воздух, бидејќи биле длабоко под земја во тунели“, рече Идит, меѓу другото, во мај, речиси пет месеци пред ослободувањето на Алон.

Како што додаде тогаш, ослободените заложници ѝ рекле дека Алон свири пијано на своето тело „за да ја зачува вештината што ја има во рацете“.

Охела од Појасот Газа, по неговото ослободување, прво го презеде Црвениот крст, а потоа, заедно со другите заложници, беше предаден на Израелската армија (IDF), која го транспортираше него и неговото семејство во болница во Израел со хеликоптер.

Тој беше фотографиран како седи насмеан во хеликоптер, помеѓу неговата мајка и татко, држејќи табла на која ја напиша својата прва порака по ослободувањето.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик предлага трет ентитет за Хрватите во Босна и Херцеговина

Објавено пред

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, предизвика лавина критики од бошњачката страна со својот предлог за формирање трет ентитет во БиХ со цел заштита на политичките права на Хрватите, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Додик со години се залага за реорганизација на БиХ преку формирање трет ентитет и тврди дека тоа е она што го сакаат повеќето Хрвати и нивните политички претставници, но не се осмелуваат отворено да се залагаат за тоа.

Тој го повтори ова во понеделник по средбата со претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, во Бања Лука.

„Веруваме дека трајно решение би било Босна и Херцеговина да биде организирана на таков начин што ќе има три ентитети“, рече Додик во име на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), партијата што е столб на владејачката коалиција во РС, а е и дел од владата на државно ниво.

Тој рече дека Федерацијата на БиХ треба да се подели на бошњачки и хрватски ентитет, кои би станале изборни единици, за да не може никој да се меша во изборните одлуки на членовите на еден од двата конститутивни народи.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации...

Македонија1 час

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија2 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет3 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет4 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет4 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет4 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет4 часа

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа4 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет14 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија16 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ16 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија20 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија23 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија23 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија24 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија1 ден

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет1 ден

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...