Свет
Архитектонското ремек-дело на Виеира Лопес почнува дизајнерска револуција во светот
„Куќи во движење“ е проект на португалскиот архитект Мануел Виеира Лопес. Идејата зад овој проект е создавање енергетски ефикасен објект што ќе се движи според сонцето, како еден вид архитектонски сончоглед.
Куќата е има две оски на движење, а може да ротира до 180 степени. Создадена е од метална конструкција со вградени механички делови и кров со соларни панели.
Следејќи го сонцето, Лопес вели дека преку својот фотоволтаичен кров куќата може да произведе неверојатни 25 000 kW/h електрична енергија годишно, додека, пак, дневно троши околу 360 W/h.
Интересно за овие куќи е што тие немаат темели и се лесно преносливи бидејќи самата конструкција едноставно се расклопува и монтира.
Една ротација на куќата трае околу 12 минути, а оние што ја користат можат да го контролираат движењето преку софтверски систем инсталиран во истата.
Во моментов, почетната цена на една „куќа во движење“ изнесува околу 250 000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милановиќ: Војната е посреднички судир меѓу Вашингтон и Москва и ќе се реши само со нивен договор
Дијаболичен е советот на западните лидери до Украина да не го прифати мировниот план што го понудија американскиот претседател Доналд Трамп и Русија, изјави во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
„Дали тоа е нивно население? Дали некој има земно и божјо право да ја донесе оваа одлука без Украинците? Тие нека одлучат, но од страна да им се сугерира дека не смеат да го прифатат тоа што го нудат Трамп и Русија — која е цената за тоа?“, рече Милановиќ пред новинарите на изложбата „Череп C – светско палеоантрополошко наследство“ во Хрватскиот природонаучен музеј.
„Тоа е всушност ѓаволско, сатанистичко, да не кажам неморално. Од каде ми е правото да му советувам некому: не се согласувај со тоа, значи, продолжи да умираш. Бидејќи тоа е она што се случува. Луѓето умираат и територија се губи“, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно рече дека планот на Трамп оди во вистинска насока, но дека постојат аспекти што треба да се подобрат за да биде прифатлив за Украина и Европа.
Почетната верзија на американскиот документ предизвика противење од Киев и неговите европски сојузници – Париз, Лондон, Берлин и Рим – кои се собраа во Женева во неделата за да спречат мировен договор што би значел капитулација.
Милановиќ истакна дека никој од оние што зборуваат за ова, како шефовите на повеќето европски држави, нема реално влијание, но тоа не ги спречува „да создадат некаква форма на хаос“.
Тој повтори дека војната во Украина е посредничка војна меѓу Вашингтон и Москва и дека ќе биде решена само со договор меѓу нив.
Според него, од едната страна е НАТО, сојуз кој со години се шири„на прилично арогантен начин, а од другата страна е Русија, опасна сила која постојано предупредувала на тоа.
„Потоа морализираат и му даваат совети на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, кој, за своја заштита, сакал да постигне договор со Русите во 2022 година во Истанбул, а пред тоа во Минск, при што ништо не требало да оди во Русија“, рече Милановиќ, додавајќи дека импулсите на украинското раководство биле точни.
Зеленски, според него, бил спречен од „агенти на хаосот“ кои го охрабрувале да се бори и го уверувале дека ќе го поддржуваат колку што треба „сè додека не се предомислат“.
„Тие отидоа да преговараат за спроведување некаква верзија од договорот налик на Минскиот од 2014 година, кој европско-американската структура постојано го рушеше со намера да предизвика конфликт и да ја ослаби Русија — и успеаја спектакуларно“, рече Милановиќ.
На новинарско прашање дали мировниот договор би можел да ја охрабри Русија, хрватскиот претседател одговори дека Русија „нема сила за ништо повеќе од ова“.
„Еден ден од истите луѓе слушаме дека Русија е држава која не е ништо повеќе од бензинска пумпа со нуклеарно оружје. Од друга страна, слушаме дека е толку опасна што Германците треба да почнат да се вооружуваат и да чуваат оружје и муниција дома. Што е вистина?“
Тој додаде дека може да ги разбере чувствителностите и стравовите на балтичките држави или Полска од Русија, „но не и на некои други земји“.
Свет
Европски премиери заглавени во Франкфурт – Луфтханза се извини поради инцидентот
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ упати извинување поради инцидентот во кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург во неделата навечер останале заглавени на аеродромот во Франкфурт поради технички дефект, што довело до нивно доцнење или спречено присуство на самитот ЕУ–Афричка унија во Луанда, Ангола.
Според извори на Euractiv, европските лидери, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кaja Калас, чекале на пистата кога авионот не можел да полета. Финскиот премиер Петери Орпо со големо доцнење стигнал во Луанда, додека Калас, данската премиерка Мете Фредериксен и луксембуршкиот премиер Лук Фриден го откажале патувањето.
Портпаролот на „Луфтханза“, Борис Огурски, потврдил дека летот LH560 од 23 ноември доцнел 13 часа и 25 минути поради дефект на системот за информирање на патниците. Тој изразил жалење за непријатностите, но додал дека од „причини за заштита на податоците“ не може да открие кои патници биле во авионот.
Огурски навел дека можело да се обезбеди резервен авион, но ноќната забрана за летање што стапува во сила во 23 часот во Франкфурт спречила било какво решение.
Свет
Зеленски: Украина е подготвена за мировниот договор со САД и Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи напред со рамката за мировен договор во соработка со Соединетите Американски Држави и Европа, пишува Ројтерс.
Повикувајќи се на текст од говор во кој имал увид, Ројтерс наведува дека украинскиот лидер им порачал на сојузничките земји дека сите безбедносни одлуки што се однесуваат на Европа мора да ги вклучуваат и европските држави.
Зеленски истакнал дека е подготвен да разговара за чувствителните точки од мировниот договор со Доналд Трамп, но нагласил дека на тој состанок мора да учествуваат и европските лидери.
На крајот порача дека сојузниците на Киев треба да продолжат да ја поддржуваат Украина сè додека Русија не покаже подготвеност да ја заврши својата инвазија.

