Свет
Асад: Европа треба да се плаши од џихадистите со кои е во сојуз, а не од бегалците
„Лицемерен“ е стравот на европските народи дека Турција ќе им испрати бегалци, изјави сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју за руската телевизија „Раша тудеј“. Тој ја обвини ЕУ дека продолжува да спонзорира тероризам во Сирија.
Асад тврди дека најголема грижа на ЕУ треба да бидат „стотиците илјади џихадисти со кои е во сојуз“, а не бегалците од Сирија кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе ги пушти.
„Како можете да се плашите од неколку милиони луѓе, од кои повеќето се умерени и меѓу кои има малку терористи, а директно ги поддржувате десетиците, можеби и стотиците илјади терористи во Сирија и не се плашите дека тие ќе се вратат во вашите земји?, прашува Асад.
Тој во интервјуто наведува дека меѓу оние кои побегнале од Сирија би можело да има екстремисти, но повеќето бегалци не претставуваат закана за разлика од очајните џихадисти кои би можеле да се свртат против своите покровители.
Односот меѓу ЕУ и Турција, тој го оценува како однос „љубов и омраза“. Асад нагласи дека иако ЕУ „го мрази“ турскиот лидер, сепак европските лидери не можат ништо освен да го послушаат што има да каже.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Има повредени во рускиот напад врз Киев
Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран од Укринформ.
„Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“, рече Кличко.
Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен.
Градоначалникот додаде дека сите служби за итни случаи и спасување се на местото на нападот.
Свет
Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси
Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД.
Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд.
Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот.
Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.
Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада.
Свет
(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо
Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор на руските напади врз Украина.
„Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа воздушните операции“, објави денес полската агенција за авијација PANSA на мрежата IX.
Во текот на ноќта и утрото, руските сили го нападнаа градот Киев и неколку области во регионот Киев, а во нападот беа оштетени станбени згради, градилишта и деловни објекти, а неколку лица беа ранети, објавија украинските власти.
Во Киев и голем број украински региони, воздушната закана останува на сила поради заканата од балистички ракети.
Several areas of Kyiv have caught fire as a result of enemy shelling, according to the State Emergency Service
In the Holosiivskyi district, a UAV crash caused a fire involving three cars at a service station.
In the Obolonskyi district, a three-story private house caught fire.… pic.twitter.com/qjJy7bEbm6— kolibri.93 (@viktorikolibri) December 27, 2025

