Свет
Асад: Прекинот на огнот во Идлиб е привремен
Русија и Турција минатиот месец постигнаа договор за создавање на демилитаризирана зона од 9-12 милји во Идлиб меѓу сириските сили и милитантите концентрирани во регионот, во обид да избегнат непотребно крвопролевање и можна забрана на Запад, пренесува „Спутник“.
„Руско-турскиот договор за спречување офанзива на сириските трупи за ослободување на Идлиб е привремен, но служи за да се спречи крвопролевање,“ рече сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Дамаск, како што истакна Асад, не се откажал од својата цел за враќање на контролата над цела Сирија. Осврнувајќи се на отпорот од Западот и на заканите против сириската офанзива во Идлиб, Асад рече дека ваквите приговори се хистерични, додавајќи дека победата на сириската армија ќе ги спречи агресивните планови на Западот за поделба на Сирија.
Сирија, според Ал-Асад, сега влегува во нова битка за рехабилитација на оние елементи на сириското општество кои соработувалоеили на друг начин го поддржувале хаосот и тероризмот.
Во последниве месеци, со руска помош, сириската влада постигна голем број договори за помирување со поранешните милитанти кои не биле џихадисти во замена полагање на оружјето и прифаќање на сириската цивилна администрација.
Во понеделникот, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин, изјави дека границите на демилитаризираната зона меѓу сириските сили и милитантите во Идлиб се решени и дека руските и турските воени сили воспоставиле многу добри контакти, соработка и врски еден со друг. Демилитаризираната зона на Идлиб, договорена помеѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во Сочи на 17 септември, се очекува да биде целосно воспоставена до 15 октомври.
Според договорот, Анкара вети дека ќе помогне за потиснување на терористичките групи концентрирани во Идлиб надвор од регионот. Минатата недела турските медиуми објавија дека џихадистите од Фронтот Ал Нусра под притисок на турската разузнавачка служба се согласиле да се растурат, да ги повлечат своите сили од демилитаризираната зона на Идлиб и да ја модифицираат нивната идеологија .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

