Свет
(Аудиоснимка) Морничава бучава во последните моменти на подморницата „Титан“
Се појави нова аудиоснимка од последните моменти на подморницата „Титан“, која имплодира во Атлантикот, објави британскиот весник „Сан“.
Снимката е направена со помош на океански уред на 900 километри од местото на трагедијата и наводно ја открива морничавата бучава од моментот на имплозијата, поточно моментот на дробење на подморницата.
Американската крајбрежна стража го сподели видеото од 20 секунди како дел од истрагата за катастрофата во која загинаа сите пет члена на екипажот на подморницата „Титан“.
Крајбрежната стража соопшти дека снимен е сомнителен акустичен потпис на имплозија на 18 јуни 2023 година.
„Титан“ исчезна на 18 јуни 2023 година.
Оваа подморница се упати кон потонатиот брод „Титаник“, а спасувачите со денови се обидуваа да ја лоцираат.
Меѓутоа, набргу било откриено дека „Титан“ имплодирала, при што загинале сите патници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

