Свет
Африка излегува од пандемијата на Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Африка излегува од пандемија на коронавирус и се движи кон фаза во која ќе може долгорочно да управува со коронавирусот.
Водачот на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, рече дека пандемијата влегува во друга фаза.
Имено, таа смета дека бројот на заболени на овој континент е седум пати поголем од регистрираниот, а дека бројот на починати е и до три пати поголем од регистрираниот.
Таа нагласи дека тоа се должи на проблеми со тестирањето, што се одрази на релативно официјалниот релативно мал број на заразени и починати.
Ова беше причина да се добие впечаток дека Африка не е многу погодена од пандемијата.
Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, до вчера, 10 февруари, во овој дел од светот се регистрирани 11 милиони луѓе кои биле заразени со коронавирус, а 250.000 починале.
Сепак, СЗО проценува дека 70 милиони луѓе биле заразени, а 750.000 починале.
Во прилог на оваа проценка се и резултатите од неколку студии кои укажуваат дека овие бројки не се повисоки од официјалните само во Африка, туку и во остатокот од светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.