Свет
Баба во инвалидска количка шверцувала три килограми кокаин

Колумбиските наркокартели користат разни начини за испраќање дрога надвор од земјата, но полициските службеници и таму неодамна останале во шок поради еден конкретен случај.
Колумбиската полиција ја уапсила Ирина Меса де Маруланд (81) кога во нејзината инвалидска количка пронашле кокаин. Сето тоа се случило во моментот кога 81-годишната жена се обидувала да се качи во авион кон Шпанија, јавуваат медиумите.
Во полициското соопштение се вели дека кај старицата биле пронајдени речиси три килограми кокаин. Дрогата била сместена во металните цевки од нејзината инвалидска количка.
Според полицијата, таа тврдела оти не знаела дека во количката има дрога.
Од полицијата додаваат дека ова е четврт случај од почетокот на годината да пронајдат дрога кај постари жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија назначи нов амбасадор во САД по разговорите во Истанбул

Назначен е нов руски амбасадор во САД, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, еден ден по билатералните разговори во Истанбул и во услови на растечко зближување меѓу Москва и Вашингтон.
Во соопштението се вели дека амбасадорот Александар Дарчиев (64), кој во 2021 година беше директор на Одделот за Северна Америка на руското МНР, наскоро ќе пристигне во Вашингтон, а на почетокот на годината беше назначен на функцијата за целата северноатлантска зона (Велика Британија, Ирска, Канада и САД).
Од 2014 до 2021 година беше амбасадор во Канада.
Дарчиев ќе го замени Анатолиј Антонов, дипломат-ветеран кој ја напушти функцијата амбасадор во САД во октомври 2024 година, во време на зголемени тензии меѓу двете сили поради руската војна во Украина.
Новиот амбасадор, кој течно зборува англиски и француски јазик, работеше како советник во Руската амбасада во Вашингтон од 2005 до 2010 година.
Неговото назначување доаѓа еден ден по руско-американските разговори во Истанбул, чија цел е враќање на нормалното функционирање на амбасадите и конзулатите.
Од телефонскиот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 12 февруари, двете страни рекоа дека сакаат целосен ремонт на билатералните односи, ненадеен пресврт по години на многу високи тензии.
Свет
Ројтерс: На аеродромот во Бејрут запленети 2,5 милиони долари наменети за Хезболах

Либанските власти на аеродромот во Бејрут заплениле 2,5 милиони долари во готовина наменета за милитантната група Хезболах, која маж кој пристигнал од Турција се обидел да ги скрие, изјавија три извори за Ројтерс во понеделникот.
Еден од изворите рече дека ова е прв пат да се изврши ваква заплена.
Хезболах сè уште не ги коментира овие наводи.
Свет
Кинескиот претседател: Со Русија сме вистински пријатели

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави денеска дека Кина и Русија се вистински пријатели.
Кси, исто така, рече дека тој и рускиот претседател Владимир Путин комуницирале двапати оваа година, правејќи сеопфатни планови за развој на кинеско-руските односи и длабински размени за голем број главни меѓународни и регионални прашања.
За време на состанокот со секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу, тој рече дека двете страни треба да одржуваат блиска комуникација на сите нивоа за целосно спроведување на постигнатиот консензус меѓу шефовите на двете држави и промовирање на трајно добрососедство и пријателство, сеопфатна стратешка координација и заемно корисна соработка меѓу двете земји, објави Глобал тајмс.
Шојгу рече дека соработката меѓу Русија и Кина не е насочена против други земји и претставува модел на односи меѓу двете големи светски сили, пренесе РИА Новости.
Тој истакна дека односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво и дека рускиот претседател го надгледува спроведувањето на договорите со Кина за широк спектар прашања.
„Русија високо ги цени постигнатите договори со Кина и има за цел да ги продлабочи“, рече Шојгу.
Тој му ги пренесе на Кси поздравите на рускиот претседател, кој „високо ги цени доверливите, пријателските и работните односи што се развија со вас и го следи спроведувањето на договорите постигнати со вас за широк спектар на прашања“.
Шојгу утринава пристигна во Пекинг во посета, каде претходно се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Шојгу претходно ги посети Малезија и Индонезија, а рускиот совет за безбедност објави дека Москва е заинтересирана да ги снабдува овие земји со енергија и нафта.
Посетата доаѓа неколку дена откако Кси телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пофалувајќи ги, како што рече, напорите на Москва за смирување на кризата во Украина.