Регион
Балканската четворка на средба за инфраструктурата во Солун

Во Солун денеска ќе се одржи четвртиот состанок на Високиот совет за соработка помеѓу Србија, Грција, Бугарија и Романија.Тема на разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и на романската премиерка Вјорика Данчила ќе бидат инфраструктурните проекти, во насока на меѓусебното поврзување на четирите земји и на целиот регион.
На претходниот состанок на Високиот совет што се одржа во април годинава, договорено е формирање работна група на министрите за сообраќај, транспорт и комуникации со цел конкретизирање на договорените проекти за Самитот Кина+16, кој ќе се одржи на 7 јули во Бугарија.
На третиот состанок на четворката во Букурешт разговарано е за авторпатот Темишвар-Белград, автопатот низ Србија кон Бугарија и кон Македонија, модернизирање на железничкото поврзување меѓу четирите земји, зајакнување на дигиталната структура, енергетското и гасното поврзување преку Александропулос во Грција и Бургас во Варна и други проекти.
На состаноците на Високиот совет на четирите земји договорено е и дека претседателствувањето на Бугарија во првата половина од 2018 година и на Романија во 2019 година ќе биде „заедничко балканско“ претседателствување со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.