Свет
Бангладеш уапси полицаец под сомнение за шпионажа за Индија
Властите во Бангладеш уапсија полицаец од малцинска заедница, обвинувајќи го за доставување клучни информации во Индија, пренесува „Спутник“.
Ова е редок случај на обвинение за шпионажа во екот на контроверзниот закон за државјанство што индиската влада го донесе минатата недела. Изменетиот закон им овозможува на малцинствата, освен на муслиманите, од трите соседни земји на Индија – Бангладеш, Пакистан и Авганистан – да добијат индиско државјанство.
Локален суд во Дака наложи притвор за обвинетиот Дебо Просад Саха од Тархада Упазила во областа Кулна. Полициската станица Бенаполе го потврди апсењето и петдневниот притвор на осомничениот. Според обвиненијата, Саха со месеци работел во Канцеларијата за имиграција, каде што развил пријателски односи со многумина во Индија.
Полицијата исто така ги ставила под истрага и армискиот асистент од канцеларијата, Абу Ханзала Рана и војникот Шахнаваз Шахин, кои биле во близок контакт со Саха. Полицијата тврди дека Саха во неколку наврати ја преминал границата за да им пренесе информации на индиските контакти С. Чакраборту и Пинту.
Апсењето е извршено само неколку дена откако министерот за надворешни работи на Бангладеш, А.К. Абдул Момен, и министерот за внатрешни работи, Асадузаман Кан, ги прекинаа своите посети во Индија по немирите против изменетиот Закон за државјанство. Во вторникот советникот за меѓународни работи на премиерот на Бангладеш, Гахар Ризви, рече дека земјата ќе повлече кој било од своите граѓани што остануваат во Индија нелегално ако бидат обезбедени докази за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

