Свет
Бачел: Израел би можел да биде обвинет за воени злосторства
Високата комесарка на ООН за човекови права, Мишел Бачел, изјави дека израелските напади врз Појасот Газа може да бидат квалификувани како воено злосторство.
Таа исто така нагласи дека не добила докази оти зградите што биле цел биле користени за воени цели.
На состанокот на Советот за човекови права на ООН во Женева се расправа за почнување широка меѓународна истрага за нападите поврзани со последниот конфликт меѓу Израел и палестинските екстремистички организации во Појасот Газа, но и за систематските злоупотреби на палестинските територии внатре во Израел.
Се предлага Советот за човекови права на ООН да повика на испитување на злосторствата и повреда на човековите права во деценискиот конфликт на Блискиот Исток.
Нацрт-резолуцијата е предложена од Организацијата за исламска соработка (ОИС) и за неа се дискутира на денешниот состанок фокусиран на ескалацијата на насилствата меѓу Израел и Палестина во текот на овој месец.
Состанокот на 47-те члена на Советот го свика Пакистан во име на ОИС и палестинските власти.
Израелската амбасадорка во ООН во Женева, Меирав Ејлон Шахар, во средата ги критикува и состанокот и нацрт-резолуцијата велејќи дека единствената цел е „да се обвини Израел, да се прикријат злосторствата на Хамас и да се избегне палестинската власт да преземе одговорност за сопствениот народ“.
Пред прекинот на огнот во петокот минатата недела во израелските воздушни напади беа убиени 253 Палестинци, од кои 66 деца и беа ранети повеќе од 1.900 луѓе, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Дванаесет лица беа убиени во Израел, меѓу кои две деца и еден војник.
„Оваа ескалација е директно поврзана со протестите и силниот одговор на израелските безбедносни сили, најпрвин во источен Ерусалим, а потоа и во целата окупирана палестинска територија“, изјави Бачел.
Таа истакна дека ракетните напади на Хамас се случајни и не прават разлика помеѓу воените и цивилните објекти и затоа тие претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право.
Во врска со израелските напади во Газа, таа рече дека многу цивили се убиени и ранети и големи штети се предизвикани на цивилен имот, а ги спомена и владините и станбените згради и куќите, меѓународните хуманитарни организации, здравствените институции, канцелариите за медиуми и патиштата, нагласувајќи дека, покрај израелските тврдења дека многу од овие згради биле користени од вооружени организации или дека служеле за воени цели, не биле видени други докази.
Таа исто така изјави дека поставувањето воена опрема во густо населените цивилни области и извршувањето напади од таму претставува кршење на меѓународното хуманитарно право.
„Нема сомнение дека Израел има право да ги брани своите жители. Сепак, Палестинците исто така имаат права. Истите права“, рече Бечел.
Таа ги повика израелските власти веднаш да го запрат процесот на иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.
Свет
(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.
Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.
Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.
Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

