Свет
Бајден: Кина ќе ја плати цената поради кршење на човековите права

Одговарајќи на прашање за односот на Кина кон муслиманските малцинства, американскиот претседател Џо Бајден рече дека Кина ќе ја плати цената за кршењето на човековите права.
„Ќе има последици за Кина и тој го знае тоа“, рече Бајден мислејќи на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
Според Бајден, Соединетите Aмерикански Држави ќе ја преземат глобалната улога во областа на човековите права и додаде дека ќе соработуваат со меѓународната заедница, така што Кина, како што рече, ќе ги почитува и нив.
„Кина работи напорно да стане светски лидер и за да го добие тој статус, може да ја добие довербата од другите земји“, рече Бајден додавајќи дека Кина не може да го постигне тоа сè додека е вклучена во активности спротивни на човечките права.
Претседателот на САД изрази загриженост и за проблематичните практики во трговијата и за состојбата со човековите права во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.