Свет
Бајден на годишнината од настаните во Капитол: „Трамп претставува континуирана закана за американската демократија“

Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини експретседателот Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија.
Во говор по повод годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол, Бајден предупреди дека лажните тврдења на Трамп оти изборите му биле украдени преку широко распространета гласачка измама може да го разоткрие владеењето на правото и да ги поткопа изборните процеси во иднина.
„Пред една година на денешен ден на ова свето место беше нападната демократијата и волјата на народот. Нашиот Устав, се соочи со најголеми закани“, рече Бајден во обраќањето во сала во зградата на Капитол.
Додаде дека за првпат во историјата на САД еден претседател не само што ги загубил изборите, туку се обидел да спречи мирен трансфер на власта“.
За време на ланските немири, животот го загубија четири лица. Еден полицаец почина еден ден подоцна, а четворица се самоубија. Повредени беа околу 140 полицајци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.