Свет
Бајден: На Путин да му се суди за воени злосторства

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е потребно да се соберат докази за да му се суди на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства.
„Тој е воен злосторник“, рече Бајден за Путин по извештаите за масовни убиства на цивили од страна на руските трупи во градот Буча, северозападно од главниот град на Украина, Киев.
„Тој е брутален, а она што се случува во Буча е нечуено и сите го виделе“, им рече Бајден на новинарите.
„Мислам дека тоа е воено злосторство… Тој треба да одговора“.
Бајден исто така рече дека планира да побара дополнителни санкции за Русија поради нејзините дејства за време на војната, која почна со инвазијата на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека руските сили вршат геноцид, при што украинскиот народ бил уништен и истребен.
Градоначалникот на Буча изјави дека речиси 300 жители на градот биле убиени во времето кога борците од Чеченија ја контролирале областа. Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините војници убиле цивили во Буча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.