Свет
Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, наведувајќи дека треба да се направи повеќе за да се избегне голем конфликт во регионот.
Бајден, на прашањето од новинарите во Вашингтон колку е уверен дека може да се спречи сеопфатна војна на Блискиот Исток, одговори: „Колку сте сигурни дека нема да врне? Видете, не верувам дека таму ќе биде сеопфатна војна, мислам дека можеме да го избегнеме тоа“, пренесува Ројтерс.
Бајден рече дека САД разговараат со Израел за опции како да одговорат на нападот на Иран врз Израел, што го вклучува и нападот на Израел врз иранските нафтени постројки, а по оваа изјава на Бајден дојде до зголемување на цената на нафтата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.
Свет
Во експлозија во рудник во Шпанија загинаа 5 рудари

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во несреќа во рудник во северна Шпанија, соопшти итната помош.
Локалните медиуми први јавија дека имало експлозија во рудник за јаглен. Две лица кои исто така биле таму во моментот на инцидентот се неповредени, пренесува АП.
Управата за вонредни состојби во соопштението наведува дека за спасувачката операција мобилизирала три хеликоптери.
Претседателот на Астурија, Адриан Барбон, нареди да се прогласи дводневна жалост во таа покраина, јавува Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тој на Х.