Свет
Бајден: Потребни се реформи за прашањето за оружјето

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека се потребни реформи во областа на оружјето.
Тој ова го изјави по последното масовно пукање во кое загинаа најмалку шест лица во „Волмарт“ во американскиот град Чесапик, Вирџинија.
„Поради уште еден ужасен и бесмислен чин на насилство, сега ќе има уште повеќе празни маси во земјата за Денот на благодарноста. Како нација, треба да се здружиме, треба да преземеме позначајна акција“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.
Полицијата првично соопшти дека во нападот биле убиени помалку од 10 лица, изјави полицискиот портпарол Лео Косински, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри.
Регион
Денес се одбележуваат 45 години од смртта на претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.
Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е означен како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа дошла во Белград, на стадионот на ЈНА, и привремено ја обиколувала цела Југославија.
Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.
Тој ја изведе Југославија од Источниот (советскиот) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.
Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации од ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.
Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.
Регион
Состојба на Вучиќ е стабилна, порача дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнето ја напуштил Воено-медицинската академија (ВМА) и дека негова желба била да ѝ ги пренесе на српската јавност своите зборови дека му е подобро.
Мали изјави дека разговарал со Вучиќ и дека им порачал на граѓаните дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи.
„Тој е силен човек, тоа е важно за граѓаните на Србија, ми рече дека е подобро. Еден ден, два, три му беше наредено да лежи, да се одмора, што е проблем само по себе, како што знаете, но овој пат ќе биде дисциплиниран. И се надевам на негово брзо закрепнување“, рече Мали.
Претходно началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.
Тој рече дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него.
„Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите“, додаде Динчиќ.