Свет
Бајден пристигна во Финска да ѝ посака добредојде на новата членка на НАТО
Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во посета на Финска, каде што ќе ја заврши неделната посета на Европа, со цел да ја пречека новата членка на НАТО.
Бајден во Хелсинки ќе учествува на американско-нордискиот самит со лидерите на Финска, Шведска, Данска, Исланд и на Норвешка по што ќе одржи заедничка конференција со финскиот претседател Саули Ниинист, пренесува „Ројтерс“.
Неименуваниот функционер рече дека американскиот претседател ќе ги поздрави влезот на Финска и идното членство на Шведска во НАТО.
„Гледаме целосна промена во европската безбедносна структура како резултат на потегот на Русија, а нордиските земји се приближија кон Западот како одговор на агресивните и дестабилизирачки дејствија на Русија“, изјави тој за агенцијата.
Меѓу другото, се очекува теми на разговорот да бидат и климатските промени и новите технологии. Пред да замине во Финска, Бајден беше во Вилнус, каде што се одржа дводневен самит на НАТО, а посетата на Европа ја почна со заминување во Лондон, каде што се сретна со кралот Чарлс Трети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

