Свет
Бајден разговараше со шефовите на земјите блиски до Русија: Независноста е поважна од кога било
Американскиот претседател Џо Бајден вчера инсистира на „заеднички принципи на суверенитет, независност и територијален интегритет“ по разговорите со лидерите на петте централноазиски земји, па спомена можна посета на една од овие поранешни советски републики.
„Овие принципи денес се поважни од кога било“, рече американскиот претседател на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што може да се сфати и како прикриено предупредување за Русија.
„Со нетрпение очекувам повторно набргу да ве видам, можеби во некоја од вашите земји“, додаде тој.
Џо Бајден одржа средба, прва од ваков вид на ова ниво, со лидерите на Таџикистан, Киргистан, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан, јави агенцијата „Франс прес“.
Тоа се земји што одржуваат блиски политички, економски и воени врски со Москва, но кои исто така работат на воспоставување добри односи со западните сили.
Шестмината лидери „дискутираа за многу теми: безбедност, трговија и инвестиции, поврзаност, потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите нации и тековните реформи за подобрување на доброто владеење и владеењето на правото“, се вели во соопштението објавено од Белата куќа.
„Ја забрзуваме нашата соработка“, рече Бајден мислејќи на зголемената американска помош во борбата против тероризмот, создавањето платформа за поттикнување на економската размена и можниот дијалог за стратешките минерали.
„Светот е побезбеден ако сме заедно“, рече американскиот претседател за овој формат, наречен Ц5+1.
Малку порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека Русија јасно му се заканува на Казахстан.
Оваа земја ја дели со Русија најдолгата непрекината копнена граница во светот (повеќе од 7.500 километри).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за бродовите од САД за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, објави денес кинеското Министерство за транспорт.
Според соопштението на кинеското Министерство за транспорт, собирањето специјални пристанишни такси „ќе биде суспендирано за една година“ од 10 ноември, истовремено со суспендирањето на спроведувањето на релевантните мерки од страна на САД против Кина, како дел од спроведувањето на консензусот постигнат на економските и трговските консултации меѓу Кина и САД во Куала Лумпур во 2025 година, се наведува во соопштението.
На 17 април, американските власти воведоа специјални пристанишни такси за бродовите поврзани со Кина, а како одговор, Кина почна да наплаќа специјални пристанишни такси за американските бродови на 14 октомври.
Овој данок се применуваше на бродови во сопственост или управувани од американски компании, како и на бродови што пловат под американско знаме или се изградени во САД, пренесува Танјуг.
Во понеделникот стапија во сила низа кинески одлуки, со кои се укинаа дополнителните царински давачки за американска стока и извозните контроли за одредени американски компании.
Овие одлуки следеа по неколку рунди кинеско-американски трговски и економски консултации во Куала Лумпур, како и по состанокот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржа на 30 октомври во Бусан, Јужна Кореја.
Фото: принтскрин
Свет
Брисел го обвинува Трамп за поткопување на позицијата на Европа
Европската унија изјави дека е потребна „одлучувачка акција“ во врска со постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, според европските преговарачи, ја ослабуваат позицијата на земјите од ЕУ во меѓународните разговори за климатските промени, објави порталот „Политико“, повикувајќи се на извори од Брисел.
„Американците повеќе не се во можност да ги одбијат нападите врз преговарачката позиција на богатите земји, што ја става Европската унија во непријатна позиција. Во Белем, на Конференцијата на ОН за климатски промени, апсолутно е потребно да му се даде решителен одговор на Трамп“, се наведува во соопштението на европските претставници.
Трамп неодамна изјави дека „ја добил војната против измамата за климатските промени“, откако основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, призна дека погрешил во своите претходни проценки за влијанието на човекот врз глобалното затоплување.
На крајот на јануари, американскиот претседател потпиша извршна наредба со која повторно ги повлекува САД од Парискиот договор за климата. Тој договор беше усвоен на 12 декември 2015 година, по 21-та конференција на ОН за климатските промени во Париз. За време на првиот мандат на Трамп, Америка веќе официјално се повлече од овој договор еднаш – на 4 ноември 2019 година.
Европските претставници стравуваат дека новото повлекување на САД од глобалните рамки за климата би можело да ги поткопа заедничките напори во борбата против климатските промени и да го ослаби кредибилитетот на Западот во претстојните преговори со земјите во развој.
Фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа Доел во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

