Свет
Бајден: Русија е клучна закана за САД
Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија, Џо Бајден, смета дека Русија претставува најголема закана за САД на меѓународната сцена.
„Па, мислам дека најголемата закана за Америка во моментот во смисла на разнишување на нашата безбедност и на нашите сојузи е Русија. Второ, мислам дека најголем конкурент е Кина“, изјави Бајден во интервју за Си-би-ес.
Тој нагласи и дека политиките на актуелниот претседател Доналд Трамп исто така претставуваат значителна опасност за САД на глобално ниво.
„Видете што прави Трамп. Тој го прегрнува секој диктатор и им буричка со прстот во окото на сите наши пријатели“, забележа Бајден.
Според него, ваквиот пристап на Трамп довел до зголемен ракетен арсенал во Северна Кореја.
„Имаме сојузници во НАТО што се оддалечуваат од нас затоа што велат дека не можат да сметаат на нас“, заклучи Бајден.
Изборите во САД се закажани за 3 ноември. На национално ниво, американските граѓани ќе излезат на гласачките места за да изберат 435 претставници во Претставничкиот дом, 35 од 100 сенатори во Сенатот и претседател и потпретседател на САД.
Актуелниот републикански претседател Доналд Трамп и демократот Бајден се борат за највисоката функција во земјата. Покрај тоа, гласачите ќе се упатат кон гласачките кутии за да одлучат за 13 државни и територијални гувернери на САД, а ќе се одржат и многубројни други локални избори.
Бајден смета дека Москва можела да организира кампања за дезинформација против него во пресрет на претседателските избори на 3 ноември. На прашањето дали обелоденувањето на информациите од лаптопот на неговиот син Хантер е поврзано со обиди за ширење дезинформации што ѝ се припишуваат на Русија, тој рече:
„Од она што го прочитав и што го знам, разузнавачката заедница го предупреди претседателот дека Руди Џулијани добива дезинформации од Русите. И ние исто така знаеме дека Путин многу се труди да шири дезинформации за Џо Бајден“, тврди тој.
Во средината на октомври „Њујорк пост“ објави приватни пораки добиени од лаптопот на Хантер Бајден. Размената на пораки покажува дека синот на Џо Бајден можеби закажал состанок помеѓу татко му, кога тој бил потпретседател, и претставник на украинската енергетска компанија „Буризма холдингс“. Хантер Бајден тогаш беше во бордот на директори на „Буризма“. Потоа, Џо Бајден ургирал да биде отпуштен украинскиот државен јавен обвинител Виктор Шокин, кој почна истрага за „Буризма“. Откритијата им дадоа причина на републиканците да ги обвинат Бајден и неговиот син за корупција.
На 19 октомври директорот на американското национално разузнавање, Џон Ратклиф, изјави дека американската разузнавачка заедница нема причина да верува дека скандалот за пораките и електронската пошта на Хантер Бајден е дел од дезинформациската кампања, наводно почната од Русија. Претставници на Стејт департментот, ФБИ, Министерството за правда и самиот Трамп изразија слични мислења.
Прашањето за потенцијално мешање во изборите во САД редовно се поставува во контекст на тврдењата на американските власти дека Русија е вклучена во такви активности.
Москва повеќепати ги негира овие обвинувања. Во февруари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва жали што сè повеќе и повеќе тврдења од овој вид ќе се појават во САД кога ќе се одржат изборите. Според Песков, овие измислици немаат никаква врска со реалноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

