Свет
Бајден: Сакаме да ја завршиме интеграцијата на Западен Балкан во европските институции

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, истакна дека неговата земја и Германија се решени да го завршат процесот на интеграција на Западен Балкан во европските институции и на тој начин да постигнат целосна, слободна и мирна Европа, јавуваат агенциите.
Бајден во Вашингтон се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, а по средбата истакна дека имале исклучително конструктивен разговор и додаде дека ќе продолжи да работи на зајакнување на алијансата и сеопфатното партнерство меѓу САД и Германија.
Бајден и Шолц посветија најмногу внимание на руската закана за Украина. Двајцата лидери рекоа дека бараат дипломатско решение за ситуацијата.
Една од темите на средбата беше и Западен Балкан за што Бајден зборуваше по средбата.
„Исто така, ја потврдивме нашата посветеност да ја завршиме работата за интегрирање на Западен Балкан во европските институции и конечно да постигнеме целовита Европа, слободна и во мир“, рече Бајден.
Тој понатаму рече дека САД и Германија се блиски пријатели и сојузници на разни меѓународни платформи и на билатерално ниво и дека не постои прашање од глобално значење во кое Германија и САД не работат заедно.
Германскиот канцелар Шолц изрази задоволство од првата посета на Вашингтон и додаде дека е добро што во овој тежок период имал можност да разговара со американскиот претседател Бајден.
Тој рече дека Германија, САД и сојузниците во НАТО не може да молчат за заканите на Русија кон Украина бидејќи акумулацијата на руски војници на украинската граница е безбедносна закана и за Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“