Свет
Бајден со историчарите за демократијата: Сегашната ситуација ја споредиле со онаа пред почетокот на граѓанската војна
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, минатата недела приватно се сретнал со група историчари во Белата куќа, кои го предупредиле за постојаните закани за демократијата, пишува „Вашингтон пост“.
Како што пишува „Вашингтон пост“, тие исклучиво разговарале за тоталитаризмот во светот и за заканите што постојат за американската демократија.
Историчарите со кои се сретнал Бајден ја споредиле моментната ситуација во САД со онаа непосредно пред почетокот на американската граѓанска војна и со оние фашистички движења пред почетокот на Втората светска војна.
Инаку, оваа средба беше во согласност со навиката на Бајден да бара надворешни експерти за да дадат насоки за внатрешната и надворешната политика. „Вашингтон пост“ потсетува на средбата на Бајден со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, со кого разговарал за инфлацијата и претстојните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Шест мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија, четири лица се повредени
Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавува бугарската агенција „БТА“.
„’Шкода’ со романски регистарски таблички превезувала 10 лица, не застанала кога наишла на полициски контролен пункт и се обидела да побегне синоќа“, изјави началникот на Граничната полиција, Антон Златанов, за „БТВ“.
Шест лица загинале на лице место, додека возачот, романски државјанин, и тројца преживеани мигранти добиле медицинска помош, јавува Ројтерс. Се верува дека преживеаните се од Авганистан.
Од 2015 година, балканските земји станаа главни транзитни рути за бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Авганистан, Азија и Африка кои бегаат од војни и сиромаштија кон Европската Унија.
Регион
Шести ден штрајк со глад пред Собранието: Мајката на жртва од Нови Сад бара правда и избори
Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој загина при уривање на натстрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе шести ден, а утрово го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично и јавно да разговара со неа.
„Сега му се обраќам директно на Вучиќ. Ова што се случува е на лична основа. Само нека дојде да ми каже на која лична основа, па ќе му кажам и јас некои работи“, рече Дијана Хрка, додавајќи дека се чувствува добро, јавуваат српските медиуми.
Таа, сепак, не очекува Вучиќ да дојде до нејзиниот шатор поставен во близина на српското Собрание.
„Тоа никогаш нема да се случи. Го викам веќе една година, нема тој храброст“, изјави Хрка.
Пред зградата на Собранието на Србија е мирно, а во близина има полициски сили со опрема за растерување демонстрации. Граѓани ѝ приоѓаат на Дијана Хрка за да ја прашаат за нејзиното здравје и да ѝ понудат помош. Некои ѝ понудиле и свој стан во близина на Собранието за да се одмори или истушира.
Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, по комеморативниот собир одржан еден ден претходно во Нови Сад, по повод годишнината од падот на натстрешницата на железничката станица, при што загинаа 16 лица, меѓу кои и еден Македонец.
Мајката на Стефан Хрка бара процесуирање на одговорните за трагедијата, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.
Свет
(Видео) Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта
Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата.
Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата Асеп Еди Сухер.
Video: Explosion at Jakarta High School Leaves Several Students Injured https://t.co/z8YyHWiiKY pic.twitter.com/ZmJGof9k9t
— Cedar News (@cedar_news) November 7, 2025
Во болница се примени 54 лица, пренесе Сухер, додавајќи дека повредите се со различна тежина — од полесни до потешки, вклучувајќи сериозни изгореници.
Телевизиските канали Компас ТВ и Метро ТВ прикажаа снимки на полициски сили и итна помош околу училишниот комплекс. На снимките од џамијата не се забележува значителна штета на објектот.

