Свет
Бајден со нов гаф: го нарекол кинескиот претседател диктатор
Американскиот претседател Џозеф Бајден се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во вилата во Калифорнија по што следуваа средба, работен ручек и кратка прошетка. По тоа, претседателот на САД направи сериозна грешка, пренесуваат медиумите во светот.
Како што јави „Ројтерс“, разговорите траеле повеќе од четири часа.
По четиричасовната средба со Шји, Бајден одржа посебна прес-конференција во близина на Сан Франциско, на крајот од која беше запрашан дали сѐ уште го држи ставот дека актуелниот кинески претседател е диктатор.
„Видете, тој е… Тој е диктатор во смисла дека е човекот што ја води земјата, која е комунистичка држава заснована на сосема поинаков облик на владеење од нашата“, одговори Бајден.
Бајден, според написите, го спореди својот кинески колега со диктатор и за време на приемот на кампањата надвор од камерите во Калифорнија во јуни навредувајќи го Шји затоа што бил изненаден откога САД собориле кинески шпионски балон, кој излета од курсот над Соединетите Американски Држави.
„Не, јас сум сериозен. Тоа е она што е голем срам за диктаторите кога не знааат што се случува“, рече тогаш Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

