Свет
Бајден ја зголеми квотата за прием на бројот на бегалци на 62.500 лица
Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да ја зголеми квотата за прием на бегалците на 62.500 лица.
Минатиот месец Бајден ги прошири критериумите за имиграција, отстранувајќи една пречка за бегалците кои влегуваат во Соединетите Американски Држави, што ја постави Трамп, но беше одложено укинувањето на годишната граница.
Во изјавата Џо Бајден рече дека новата граница „го брише историски нискиот број поставен од претходната администрација“, додавајќи дека квотата на Трамп не ги одразува американските вредности како нација што прима и поддржува бегалци.
„Важно е да се преземе оваа акција денес со цел да се отстрани долгогодишното сомневање за бегалците ширум светот кои страдале толку многу и кои со нетрпение чекаат да започнат нови животи“, додаде Бајден.
Бајден рече дека е „тажна вистина“ дека САД нема да ја достигнат границата од 62.500 до крајот на годината, со оглед на пандемијата и ограничувањата, како и опциите за преместување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè што досега е познато за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј
Најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени во терористички напад што се случи за време на прославата на првата ноќ на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Меѓу загинатите има 12-годишно девојче и рабин, пренесуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс воведе безбедносен кордон околу делови од плажата Бонди. Во близина на местото на нападот беше пронајдено возило со импровизирани експлозивни направи, кои подоцна беа безбедно отстранети од специјалните служби.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, ја пофали храброста на граѓанин кој се соочил со еден од напаѓачите и му го одзел оружјето.
„Тој човек е вистински херој и без сомнение спаси многу животи“, рече Минс.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери. Израелскиот претседател Исак Херцог го нарече нападот „подол терористички чин“, додека британскиот премиер Кир Стармер и лидерите на повеќе европски земји изразија солидарност со Австралија и семејствата на жртвите.
Европа
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата X.
Тој рече дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози за мировен план.
Пред неговото пристигнување, Зеленски нагласи дека сака да ги убеди Американците да ја поддржат идејата за замрзнување на фронтовската линија во Украина во нејзината сегашна состојба пред било какви преговори со Москва.
Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп.
Извори од германската влада за „Билд“ изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена , а дека денес ќе се одржат прелиминарни разговори со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.
Европа
Речиси три четвртини од Европејците ја поддржуваат ЕУ, рекордна поддршка за еврото и за заедничка одбрана
Речиси три четвртини од граѓаните на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Унијата, покажува најновиот Евробарометар.
Според податоците, 59% од Европејците се оптимисти за иднината на ЕУ, а 73% се чувствуваат како граѓани на Унијата. Довербата во институциите останува висока, при што 48% изјавиле дека им веруваат на европските институции.
Анкетата покажува и рекордна поддршка за еврото – 74% од испитаниците го поддржуваат воведувањето на единствената валута, а во Еврозоната процентот изнесува 82%.
Во однос на заедничката одбрана и безбедност, 79% од граѓаните го поддржуваат воспоставувањето на заедничка политика меѓу земјите-членки, што е втор највисок резултат од 2004 година. Повеќе од две третини (67%) сметаат дека ЕУ е „место на стабилност“ во свет полн со немири, а 83% веруваат дека Унијата треба да ги диверзифицира трговските односи за да ја зајакне економската независност.
77% од Европејците сметаат дека инвазијата е закана за безбедноста на ЕУ, додека 73% ја поддржуваат економската блокада на Русија. Повеќе од три четвртини (81%) го поддржуваат приемот на бегалци од Украина, а 57% се согласуваат со финансирање на набавката и испораката на воена опрема за Киев.
Граѓаните сметаат дека главните приоритети на буџетот на ЕУ треба да бидат вработувањето, социјалните прашања и јавното здравје (42%), образование, култура и медиуми (36%) и одбрана и безбедност (35%).
Истражувањето, спроведено помеѓу 9 октомври и 5 ноември 2025 година во сите 27 земји-членки, вклучуваше 26.445 интервјуа лице в лице.

