Свет
Бајден ја помеша Ангела Меркел со Хелмут Кол, кој почина во 2017 година
Претседателот Џо Бајден, додека прераскажуваше разговор од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол на место поранешната канцеларка Ангела Меркел.
Тоа беше втор пат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.
Гафовите на Бајден се случија на настан за собирање средства во Њујорк додека тој ги опишуваше разговорите со европските лидери на состанокот на Г7 во Велика Британија. Средбата се одржала во 2021 година, неколку месеци по немирите во Капитол, пишува „Ен-би-си Њуз“.
Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал доколку ги прочита вестите за луѓе кои упаднале во британскиот парламент и убиле офицери „за да го запрат изборот на премиер“. Меркел беше на таа средба во Велика Британија.
Овие изјави не беа првата конфузија на Бајден со имињата на европските лидери.
Во неделата, Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.