Свет
Бездомништвото на рекордно ниво во Њујорк
Рекорден број на сами возрасни лица се бездомници во Њујорк, па дури и оние што имаат покрив над главите живеат несигурно, што е дел од трендот на територијата на целата земја спротивен на наративното економско закрепнување што го рекламираат политичарите, пренесува РТ.
Повеќе сами возрасни од кога и да било порано спијат во засолништата во Њујорк, а бројот на бездомни семејства се доближува до јануарскиот рекорд од 63.839 мажи, жени и деца кои спијат во засолништа, покажува новиот извештај на Коалицијата за бездомници. Тој број дури и не ги вклучува бездомниците кои го избегнуваат системот засолништа, спијат по улици, во возовите или во напуштени згради или други импровизирани живеалишта, што значи дека вистинскиот број бездомници е веројатно многу поголем.
Бездомната популација во ноќните засолништа го соборија градскиот рекорд по бројност дури 32 пати во изминатите шест месеци, што е шокантна статистика дури и кога се гледа во контекст на рекордните 133.284 лица кои поминале најмалку една ноќ во засолниште во 2018 година.
Бројот на бездомници во Њујорк постојано се зголемува по падот од 2008 година, а популацијата во засолништата оттогаш е двојно зголемена.
Коалицијата им даде на градоначалникот Бил де Бласио и гувернерот Ендрју Куомо повеќе негаитивни оценки за нивното справување со ситуацијата, обвинувајќи ги за влошување на проблемот со одолговлекување на изградбата и одржувањете евтини станови.
И покрај ветувањето на Бласио од 2017 година дека ќе го намали бездомното население за 2.500 луѓе за пет години, нивниот број продолжува да се зголемува и е на пат да се зголеми двојно. Извештајот на Коалицијата препорачува градските и државните власти да изградат и да сочуваат 30.000 повеќе евтини станбени единици и да ги зголемат субвенциите за изнајмување и заштитата на станарите, кои во голема мера исчезнаа во градот бидејќи Менхетен, па дури и Бруклин станаа многу гентрифицирани.
Цели 14 отсто од американските бездомници живеат во Њујорк, вели Министерството за домување и урбан развој.
И ставање покрив над глава во Њујорк не е евтино. Во март извештајот на ATTOM Data Solutions посочи дека цените за домување во Њујорк се највисоки во земјата, па купувачите треба да потрошат 115 отсто од нивниот приход за да купат дом.
Повеќе од една третина од њујорчани тврдат дека не можат да си ги дозволат високите трошоци за живот, а 41 отсто стравуваат дека ќе бидат принудени да се преселат на други места поради економски причини, според анкетата спроведена во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026
Свет
Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
Ден на жалост во Сараево по трамвајска несреќа е прогласен од Владата на Кантонот Сараево откако трамвај излета од шините во централното градско подрачје, при што едно лице го загуби животот, а повеќе лица беа повредени, соопштија надлежните институции по одржаната вонредна седница.
Одлуката следуваше по силните реакции во јавноста и барањата трагедијата да биде официјално одбележана. Во несреќата животот го загуби 23-годишен студент кој се наоѓал на трамвајска постојка во моментот на инцидентот. Дел од повредените се задржани на болничко лекување, а за една малолетна девојка се наведува дека се здобила со тешки телесни повреди.
Надлежните органи отворија истрага за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до излетувањето на трамвајот. Институциите најавија дека по завршувањето на постапката ќе бидат соопштени дополнителни информации.
Со одлуката за Ден на жалост се предвидува знамињата да бидат спуштени на половина копје и да се откажат или одложат јавните настани на територијата на кантонот.

