Контакт

Вести

Белата куќа го предупреди Иран за тестирањето балистички проектили

Објавено пред

Мајкл Флин, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, за национална безбедност, потврдил дека САД официјално во средата го предупредил Иран поради „дестабилизирачки активност“ откако тестирал балистички проекти.

dobivaj vesti na viber

Иран во неделата тестирал ракета со среден дострел која експлодирала по прелетани 1.010 километри.

Резолуцијата 2231 на Советот на безбедност на ОН „го повикува Иран да не изведува никакви активности поврзани со балистичките ракети дизајнирани да носат нуклеарна глава“

„Со денешниот ден официјално му упатуваме предупредување“, изјави Мајкл Флин на брифинг во Белата куќа, не појаснувајќи што тоа би требало да значи.

„Иран продолжуваат да преставуваат закана за САД и за нивните сојузници. САД и натаму ги осудуваат таквите дејствија на Иран, кои ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и просперитетот на земјите на Блискиот исток“, додаде претставникот на Белата куќа.

Флин изјави дека тестирање на проектилот во неделата претставува кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во која од Иран се бара да не презема бара да не презема никакви активности поврзани со балистичките проектили кои можат да носат нуклеарна боева глава.

Претходно во средата иранскиот министер за одбрана, генералот Хосеин Деган го потврди тестирањето на ракетата коешто го критикуваше САД, и тврди дека не станува збор за нарушување на нуклеарниот договор.

„Лансирањето не е во спротивност со нуклеарниот договор ниту со резолуцијата 2231… Тестирањето се вклопува во продолжувањето на одбранбената програма. Имаме програма за производство на одбранбена опрема во рамките на нашите национални интереси и никој не може да влијае врз нашата одлука“, додаде Деган повторувајќи дека иранските ракети не се предвидените за носење атомско оружје.

САД, Велика Британија и Франција минатата 2016 година бараа од Советот за безбедност на ОН да реагира на иранското тестирање ракети, за што Техеран упорно тврди дека не излегуваат од рамките на договорот, а Русија и Кина се спротиставија на можното воведување нови санкции предупредувајќи дека тоа ќе го загрози тешко склучениот договор за кој се разговараше речиси две години и може да предизвика трка во нуклеарното вооружување во регионот на Блискиот исток./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија2 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет3 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет3 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет3 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија14 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија19 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија20 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија22 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија1 ден

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 ден

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет1 ден

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија1 ден

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет1 ден

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...