Свет
„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“
Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими вакцина, но го откажала терминот.
Весникот наведува дека името на канцеларката Меркел за вакцинација тој ден било внесено во центарот за вакцинирање „Темпелхофер Фелд“. Во дневникот стои и дека датумот на раѓање, 17 јули 1954 година, целосно се согласува со нејзините податоци.
Овој центар дава исклучиво вакцини од британско-шведскиот производител „Астра зенека“.
Тој термин, пишува „Билд“, е откажан преку платформата за закажување.
Владиниот портпарол, Штефен Сајберт, не сакаше да коментира.
„Канцеларката ќе биде вакцинирана во догледно време и јавноста ќе биде информирана за тоа“, рече тој.
Меркел секогаш велеше дека го чека својот ред за вакцинирање за разлика од многу политичари во провинциите што меѓу првите побрзаа да бидат имунизирани наведувајќи дека сакаат да ја поттикнат довербата на граѓаните во вакцините.
Како можна причина за откажување на терминот за вакцинација „Билд“ го наведува важниот состанок што го има денес Меркел во врска со идниот кандидат на нејзината партија, Христијанско-демократската унија, за функцијата канцелар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

