Свет
Бил Гејтс ги повика Авганистан и Пакистан да ги зголемат напорите во борбата против болеста полио
Локалните авганистански талибански лидери ги попречуваат глобалните напори за ставање крај на болеста полио, но Авганистан и Пакистан мора да ја продолжат својата борба и да дојдат до нула случаи, изјави филантропот Бил Гејтс.
Во интервју за „Ројтерс“, Гејтс изрази оптимизам во врска со глобалниот план за искоренување на парализирачката вирусна болест, но рече дека конфликтите во Авганистан и борбата за моќ го попречуваат напредокот.
„Најголемиот проблем е секогаш со талибанците“, рече Гејтс, чија фондација „Бил и Мелинда Гејтс“ е една од најголемите финансиери на кампањата за искоренување на полиото.
Најновите податоци за иницијативата за глобално уништување на полиото (ИПЕИ) покажуваат дека во светот имало 33 случаи на детска парализа во 2018 година, а шест досега во 2019 година – 16 од нив во Пакистан и 23 во Авганистан. Овие две, плус Нигерија, се последните преостанати земји каде што болеста е ендемична.
Најновите статистики од Глобалната иницијатива за искоренување на полиото (ГПЕИ) покажуваат дека на светско ниво се регистрирани 39 случаи на полио – 16 во Пакистан и 23 во Авганистан. Овие две земји, заедно со Нигерија, се единствените каде што оваа болест е ендемична.
ГПЕИ, во која спаѓаат Светската здравствена организација, фондацијата „Гејтс“, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и други, почна со своите напори да ја елиминира болеста во 1988 година кога таа беше ендемична во 125 земји и парализира речиси 1.000 деца дневно во светот.
Оттогаш бројот на случаи е намален повеќе од 99 отсто. Но, целосното искоренување на болеста е многу потешко. Гејтс додаде дека програмата за борба против болеста полио во Пакистан постигнува значителен напредок, а единствената закана доаѓа од нестабилноста во Авганистан, каде што талибанските водачи често одлучуваат да не дозволат вакцинација против болеста.
Гејтс ја посочи и Индија, каде што пред 12 години беа регистрирани 70 отсто од сите случаи на полио во светот, а денес слави пет години од последниот забележан случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

