Свет
Бил Гејтс за растот на вештачката интелигенција: „Ако создадеме општество во кое ќе работиме три дена во неделата, тогаш е во ред“

И покрај позитивните аспекти што вештачката интелигенција може да му ги донесе на светот, Бил Гејтс во минатото зборуваше за ризиците што вештачката интелигенција ги носи доколку се злоупотреби.
Во разговор со Тревор Ноа на поткастот „Што сега?“, коосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс го изрази своето верување дека технологијата можеби нема да ги замени луѓето, но може да ја направи работната недела што е можно пократка за три дена.
Гејтс истакна дека во иднина може да се случи луѓето „да не мора да работат толку напорно“.
„Ако на крајот создадеме општество во кое е доволно да се работи само три дена во неделата, тоа, веројатно, е во ред“, рече Гејтс.
Тој вели дека постои сценарио во кое „роботите може да произведуваат храна и други потреби“ дозволувајќи им на луѓето да не мора да работат пет дена или повеќе за да заработат за основните животни потреби.
Неговиот блог за потенцијалните влијанија на вештачката интелигенција е исто така добро познат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русите го ракетираат родниот град на Зеленски: Украинците објавија вознемирувачки фотографии

Најмалку четири лица загинаа, а уште тројца тешко се повредени во руски ракетен напад денеска врз Криви Рих, град во јужна Украина, кој е и роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската служба за итна помош соопшти дека лекарите се борат за животите на ранетите, кои по нападот се пренесени во болница. Според локалните власти, една од жртвите загинала во сопствениот автомобил, кој бил погоден со проектил додека бил на пат.
Службите за итни случаи објавија фотографии од местото на нападот на кои се гледаат разурнувања и жртви. Фотографиите се вознемирувачки, на нив се гледаат мртви тела и тешко ранети цивили.
Нападот дојде додека во регионот продолжуваат секојдневните руски ракетни и беспилотни напади врз цивилни цели, инфраструктура и станбени области низ Украина. Самиот град Кривиј Рих веќе неколку пати беше цел на напади – последниот голем напад се случи во декември, кога беше погодена станбена зграда, а неколку цивили беа повредени.
Свет
Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мјанмар, прогласен прекин на огнот во граѓанската војна

Владејачката хунта во Мјанмар прогласи привремен прекин на огнот во својата граѓанска војна во вторникот за да ги олесни хуманитарните напори по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа повеќе од 3.000 луѓе.
На државната телевизија МРТВ денеска беше објавено соопштение од високата воена команда во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.
Претходно, едностран прекин на огнот беше прогласен од страна на вооружените групи на отпор кои се спротивставија на воената влада.
Овие групи мора да се воздржат од напад на државата или прегрупирање, во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се вели во соопштението на армијата.
Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот.
Земјотресот со епицентар во Мјанмар е силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета. Бројот на загинати денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Сепак, се претпоставува дека бројките се многу поголеми.
Мјанмар веќе доживуваше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од три милиони луѓе биле внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им била потребна помош дури и пред земјотресот.
Свет
Трамп пред да ги објави новите царини: Денес е ден на ослободување на Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи пред објавувањето на новите царини, што се очекува вечерва.
На својата платформа „Трут соушал“ тој напиша: „Денес е денот на ослободувањето на Америка!“
Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април – „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека објавувањето на одмазднички царини ќе ги ослободи САД од зависноста од странска стока.
Сè уште не се познати сите детали за царините, но се очекува тоа да има глобални последици.