Свет
Бил Гејтс: Постои можност за нова пандемија за 10 или 15 години
На поткастот на писателката Рашида Џонс, Бил Гејтс коментираше за подготвеноста на светот за идни пандемии и со какви предизвици ќе се соочи човештвото тогаш.
Основачот на „Мајкрософт“ и порано го предупредуваше светот дека може да се случи ваква пандемија, а сега ја истакна својата визија за светот по ерата на Ковид-19. Гејтс верува дека би можеле да имаме друга глобална пандемија.
„Да, но се надевам за 20 години. Но, мора да бидеме подготвени за нова пандемија и за три години”, рече Гејтс.
„Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години“, додаде тој.
Гејтс верува дека елиминирањето на вирусот нема да доведе до враќање на животот каков што беше пред пандемијата. Тој верува дека работните навики се променија засекогаш откако многу луѓе во оваа пандемија искусија да работат од дома.
„Мислам дека повеќе од 50% од службените патувања и над 30% од деновите поминати во канцеларија ќе исчезнат. Ние ќе продолжиме да одиме во канцеларии и на службени патувања, но во многу помала мера”, рече Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Се урна дел од таван на пазар во Загреб
Дел од таванот се урна во хала на пазарот Долац во Загреб. Пред влезот има редица муштерии, но на вратата е истакнат предупредувачки знак, а работниците објаснуваат дека халата денес е затворена.
Според информациите на хрватските медиуми, таванот се урнал утрово во левиот дел од пазарот, а влезот е блокиран додека не заврши поправката.
Работниците велат дека штетата треба да се санира до утре.
Свет
Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не отстапуваме територија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен со Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили нема да се повлечат ниту чекор на бојното поле за да отстапат територија.
Зеленски, исто така, изјави во разговорот со новинарите дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина, објави Укринформ.
Зеленски ги повика американските конгресмени да донесат построги санкции кон Русија и рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години.
Свет
Зеленски: Дроновите „Шахед“ стануваат поопасни од балистичките ракети
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предупреди дека иранските дронови „Шахед“ стануваат поопасни од балистичките ракети поради нивната огромна големина и постојана модернизација, објави Укринформ.
„’Шахед’ сега станаа поопасни од балистичките ракети на некои места. Соборуваме балистички ракети барем таму каде што имаме Патриот. А за да собориме толку голем број ‘Шахед’ на таква висина, потребно е да користиме сè. Пресретнувачи, Ф-16, хеликоптери – користиме сè. И многу зависи од времето. По снег ќе видиме како ќе користиме хеликоптери. Дожд и слично – авијацијата веќе не гледа сè толку добро“, нагласи Зеленски.
Тој објави дека во ноември е планирано да се достигне производство од 500 до 800 дронови-пресретнувачи дневно, но предупреди на потребата од обука на нов персонал.
„Мораме да подготвиме оператори. Многу мобилни противпожарни групи се стационирани на овој или оној објект, сега ни требаат многу оператори кои ќе работат со пресретнувачи“, додаде Зеленски.
Тој, исто така, нагласи дека Украина ќе одговори на руските напади, а особено, се планира зголемување на борбената употреба на ракетите „Фламинго“ и ракетите со беспилотни летала „Рута“.
Пред два дена Зеленски објави податоци за нападите во претходната недела. Според овие податоци, Руската Федерација употребила повеќе од 50 ракети, речиси 1.200 ударни беспилотни летала и повеќе од 1.360 наведувани бомби против Украина од 20 до 26 октомври.
Од почетокот на годината, Русија испалила околу 770 балистички ракети и повеќе од 50 хиперсонични ракети од типот „Кинжал“ кон Украина.
фото:принтскрин

