Свет
Бил Гејтс се откажува од своето богатство, ќе испадне од листата на најбогати луѓе во светот

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави дека ќе се откаже од своето огромно богатство и дека на крајот ќе испадне од листата на најбогати луѓе во светот, пренесува Би-би-си.
Тој претходно најави дека ќе ѝ донира 20 милијарди долари на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ велејќи дека има обврска да го врати своето богатство во општеството.
Гејтс претходно изјави дека сите пари ќе ги донира во добротворни цели, но сепак заработувал огромна сума пари, па неговото богатство само растело. Според „Форбс“, тој моменно тежи 118 милијарди долари и е четвртиот најбогат човек во светот.
Инаку, тој денеска најави дека Фондацијата годинава ќе има на располагање шест милијарди долари, а во 2026 година ќе може да потроши девет милијарди за да помогне во борбата против пандемијата, климатските промени и кризата во Украина.
„Мојот план е во иднина речиси сите пари што ги имам да ѝ ги префрлам на Фондацијата и евентуално повеќе да не бидам на листата на најбогати луѓе. Моја обврска е да ги вратам средствата во општеството со цел да им се намалат маките на луѓето и да се подобрат условите за живеење“, изјави Гејтс, кој од основањето на својата фондација донирал 39 милијарди долари.
Bill Gates vows to drop off world's rich list https://t.co/M6SB2Exz3z
— BBC News (World) (@BBCWorld) July 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина има потреба од сè поврзано со безбедносните гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја има потреба од „сè“ кога новинар го праша какви безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека Украина најпрво има потреба од силна армија, што вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавачки информации, пренесува „Си-ен-ен“.
Додаде и дека сето тоа ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Зеленски денес престојува во Вашингтон кадешто се сретна со претседателот Доналд Трамп во Овалната соба. Одговарајќи на новинарски прашања, украинскиот претседател изрази подготвеност за трилатерална средба со Владимир Путин и Трамп. Тој повтори и дека нема да има избори во земјата додека трае војната.
Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.