Свет
Бил Гејтс смета дека пандемијата ќе трае до крајот на 2022
Никој од надлежните институции и организации не се осмелува да каже точно кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, иако во моментот тоа е една од најбараните информации во светот.
Сепак, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и технолошки могул, има свое предвидување. Тој смета дека луѓето во светот ќе го дочекаат крајот на пандемијата во разни периоди во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или побогати земји како САД.
„Иновациите за подобрување на дијагностиката, новите терапии и вакцините се навистина импресивни“, рече Гејтс за списанието „Вајрд“ во интервју објавено во петокот.
„Поради тоа, мислам дека пандемијата во голема мера, особено кај богатите земји, би можела да заврши уште кон крајот на 2021 година. Во светот во целина тој рок би бил продолжен до крајот на 2022 година“, рече Гејтс.
Основачот на „Мајкорсофт“, кој финансира медицински истражувања и активности за пронаоѓање вакцина против вирусот, не е претеран оптимист во однос на неговото искоренување. Тој е свесен дека, дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе уназади многу земји во светот, економски и инфраструктурно.
Во своето интервју Гејтс остро го критикува и американскиот систем за тестирање на коронавирус и изрази фрустрација за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација постапуваат по однос на пандемијата.
Технолошкиот могул верува во пронаоѓањето вакцина против Ковид-19, но посочува дека некои вакцини ќе им помогнат само на богатите и развиените земји, кои ќе може да дојдат до големи количини од нив.
„Оваа болест, според првичните податоци од тестирањата на вакцини врз животни и податоците од тестирањата во прва фаза, се чини дека е многу излечива по пат на вакцинација“, истакнува Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.