Свет
„Блек лајвс медр“: Расизмот постои само поради капитализмот
Протестите на „Блек лајвс медр“ тргнаа во нов правец во текот на викендот во Лондон додека активистите на БЛМ и ЛГБТК повикуваа на крај на капиталистичкиот систем и укинување на полицијата, пренесува „Брејтбарт“.
Во саботата стотици левичарски активисти излегоа на улиците на британската престолнина и покрај законската забрана за вакви собири според прописите за коронавирус. Демонстрантите извикуваа пароли како „Велика Британија не е невина“ и „Излезете на улиците и заебете ја полицијата, нема правда, нема мир“.
Еден радикален демонстрант тврдеше дека расизмот постои само поради капитализмот и затоа црнечката заедница треба да им ги прекине средствата, треба да постави поголем предизвик, да престане да ги плаќа даноците, да престане да оди на работа, додавајќи: „Ако можеме да се бориме за климата, можеме да штрајкуваме и за црнечките животи. Деновиве ја гледам полицијата, тие не се тука за да ги заштитат луѓето … тие се тука за да ги заштитат зградите и статуите“.
Протестот на БЛМ ја доби поддршката од најмладата пратеничка, Надја Витом, 23-годишна пратеничка на Лабуристичката партија за Нотингем Ист, која на социјалните мрежи напиша:
„Илјадници денеска маршираа за #BlackTransLivesMatter покрај парламент кој моментно има нула транс пратеници и ги еродира транс правата кога мора под итно да ги прошириме. Ова ќе се промени“.
Друга маскирана демонстрантка, која тврди дека ја претставува активистичката организација „Правда за црнечките животи“, рече:
„Британија треба да знае како и зошто е расистичка денес“.
Таа рече дека нејзината организација бара прекин на финансирањето и укинување на полицијата во Велика Британија, додавајќи: „Без разлика дали сме виновни или не, не треба да завршиме во кафези, ни треба рехабилитација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.